Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Нема уставни измени без јасен крај, нема ниту марионети кои би ги нашле да го направат тоа, рече Мицкоски за Бугари во Устав

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryskdbhqma00h0b5T86hS

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата нема да прифати уставни измени под услови кои, како што рече, директно го засегаат македонскиот идентитет без јасна предвидливост и конечен исход на процесот.

— реклама —

Говорејќи за позициите на Европска Унија, која инсистира на вметнување на Бугарите во Уставот како услов за напредок, Мицкоски истакна дека нема намера „по било која цена“ да влезе во таква, како што ја нарече, политичка авантура.

„Ако тоа е единствениот услов, а во сè друго да бидеме најдобри – жалам, нема тука добар соговорник без да бидат исполнети и другите детали“, изјави премиерот.

— реклама —

Тој додаде дека процесот не може да продолжи без јасни гаранции за правата на македонската заедница во Бугарија, како и без конкретни заклучоци од Европскиот совет кои би ја дефинирале крајната цел.

— реклама —

Во своето обраќање, Мицкоски направи и историска паралела, посочувајќи дека за одредени политики во регионот се чекало со децении, нагласувајќи дека Македонија е подготвена да чека доколку условите не се јасни и праведни.

„Нема да влегуваме во процес кој ќе нè одведе во ново политичко мочуриште“, рече тој, додавајќи дека приоритет остануваат реформите и исполнувањето на обврските кон Унијата.

Според него, целта е државата да остане меѓу водечките кандидати во евроинтегративниот процес, но без компромиси кои би ја загрозиле националната позиција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library752h05roicf34cJytLV

Владата го усвои Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
benzinska-benzin-nafta-

Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот до 12 октомври

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Владата донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Македонија | пред 1 месец

media-library752h05roicf34cJytLV

Македонија со една од најниските стапки на инфлација во Европа – економијата покажува знаци на стабилизација и раст, велат од Владата

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања