Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Фото) Непрописно паркирање блокира сообраќај во Аеродром, жителите алармираат дека ова е ризик и за децата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
media-librarye4sqjhohae8e2vvzffD

Сообраќаен хаос, блокирани ленти и зголемен ризик за безбедноста – ваква е секојдневната состојба на улицата „Франјо Клуз“ во скопската населба Аеродром, реагираат жители преку социјалните мрежи односно групата „Аеродромци“.

— реклама —

Според нив, една од сообраќајните ленти речиси постојано е зафатена од непрописно паркирани возила, најчесто од посетители на локалите во околните згради, кои ја користат коловозната лента како паркинг.

— реклама —

„Со часови не може да се помине. Две возила не можат да се разминат, а при поголем метеж настанува целосен застој“, велат револтирани жители.

Проблемот е дополнително сериозен поради близината на основното училиште „Блаже Конески“, каде во периодите кога учениците доаѓаат и си заминуваат од настава, метежот е најизразен.

— реклама —

Жителите предупредуваат дека ваквата состојба претставува и безбедносен ризик, особено во случај на итни интервенции. „Доколку дојде возило на брза помош или пожарна, тешко дека ќе може да помине“, посочуваат тие.

И покрај бројните поплаки, засега нема конкретна реакција од надлежните. Граѓаните бараат засилени контроли, санкции за несовесните возачи и трајно решение за нормализирање на сообраќајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo49r79nrg16a806ecoG

Градоначалникот на Аеродром ја објави како пример за неодговорност поради оставање стар мебел покрај контејнер, таа во коментар му врати: „Платив за подигање, очекувам извинување“

Скопје | пред 6 дена

— реклама —
media-libraryf6lc61gla07e5IsYqSb

Остатоците од паднатите дрвја во Аеродром сè уште не се собрани, граѓаните реагираат на состојбата

Скопје | пред 2 седмици

skopski-aerodrom-skopje-patnici

Скопскиот аеродром меѓу европските рекордери: Патничкиот сообраќај пораснал за 34,8 отсто

Македонија | пред 3 седмици

bez-voda

Аеродром денеска без вода поради водоводен приклучок

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања