Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Несовесни граѓани запалиле стрништа кај Горно Косоврасти, Михаилов вели: Толеранција нема да има за никого

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 часа -

Македонија
media-libraryq8n8763ik4287kVU6Wy

Службите на ЈП „Македонски шуми“ – Дебар и НП „Маврово“ вчера околу 14 часот откриле запалени стрништа на повеќе локации над с. Горно Косоврасти, кои биле оставени да горат. Со интервенција доцна попладне и рано утрово спречиле поголема катастрофа. Заменик-директорот Кире Михаилов апелира да не се палат огнови на отворено, потсетувајќи дека во 2025 се приведени 66 лица и поднесени 44 кривични пријави. Тој нагласува дека штетите од пожари надминуваат 130 милиони евра, а санкциите ќе важат за сите без толеранција.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Во текот на вчерашниот ден, покрај пожарите на Огражден, некаде околу 14 часот, нашите служби при ЈП "Македонски Шуми" подружница Дебар и службите на Националниот Парк "Маврово" детектираа запалени стрништа на неколку различни локации над село Горно Косоврасти, општина Дебар.

— реклама —

Несовесни граѓани запалиле стрништа да ги исчистат и си заминале од местото на настанот каде оставиле активен оган.

Нашите служби во текот на вчерашните доцнопопладневни часови и рано утрово реагираа на терен при што спречија поголема катастрофа.

Некако, како се стоплува и ги добивам информациите на дневна основа, се си мислам дека граѓаните некако сеуште ја немаат научено лекцијата од минатите години.

А таа беше толку видлива, толку јасна!!!

Па луѓе, дали не сте свесни дека времињата се сменија?

Дали не сте свесни дека само во 2025 година имаме приведено дури 66 лица кои се теретат за подметнување на пожар, беа процесиурани дури 44 кривични пријави за тој основ и уште одредена бројка кои се во процедура?

Јас не знам дали граѓаните не видоа дека конечно во Македонија почна да се досудува мерка активен затвор од повеќе години и огромни парични казни како што беше примерот со пожарот во велешко?

Апелирам по не знам кој пат до граѓаните да не палат никакви огнови на отворено затоа што дефинитивно штетите кои Македонија ги истрпе само во изминатите две години од пожарите се преку 130 милиони евра само во однос на пресметките за зафатена дрвна маса по површина, а еколошката штета на која треба да работиме со децении е немерлива.

Ние не можеме толку да постасаме да изгасиме колку што вие можат граѓаните случајно или не да запалат, верувајте.

Но, сакам јасно да знаете дека сите оние кои ќе бидат фатени на лице место или откриени врз основа на понатамошни оперативни сознанија ќе одговараат и за останатите.

И не е битно дали некој запалил намерно или ненамерно, дали некој сакал да исчисти стрниште, меѓа, да обнови пасиште или што и да е, толеранција нема да има за никого.

До тука било“, вели заменик директорот на ЈП Национални шуми, Кире Михаилов.

media-library8k57rt0t2oq15hNKvgU

(Видео) Пожар од Бугарија се приближува кон општина Ново Село

Пожар од Република Бугарија се движи кон територијата на Република Македонија, или поточно, кон територијата на општина Ново Село на планината Огражден.Сакам да ги известам граѓаните дека ја следиме состојбата од моментот на појавување на овој пожар и ги преземаме сите неопходни мерки за заштита и спречување истиот да навлезе на наша територија.Пожарот е во борови култури, а во минатото таквите пожари покажаа дека знаат да бидат едни од најопасните пожари.Покрај овој пожар, сакам да ја известам јавноста дека во текот на денешниот ден, на планината Огражден над село Двориште имавме уште еден пожар.Таму нашите екипи на ЈП "Македонски Шуми" заедно со ТППЕ Берово и граѓаните од село Двориште, со заеднички напори го изгаснаа овој пожар во самиот негов зародиш.Со овој пост сакам да упатам јавна благодарност до сите оние граѓани кои несебично, оставајќи ги своите обврски го изгаснаа пожарот и спречија поголема катастрофа.Остануваме заеднички, посветено и деноноќно да ја следиме состојбата во однос на пожарите на територијата на целата наша држава“, објави директорот на ЈП Национални шуми, Кире Михаилов.

Македонија | пред 1 ден

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8k57rt0t2oq15hNKvgU

(Видео) Пожар од Бугарија се приближува кон општина Ново Село

Македонија | пред 1 ден

media-libraryp67don7k9fiq3DT4srA

(Видео) Пожар во куќа на Водно

Скопје | пред 6 дена

media-library9m1a1925n52geZim64K

(Видео) Голем пожар во ресторан во Штип, интервенираа 12 пожарникари

Настани | пред 1 седмица

media-library4qnle6opj8409zutyob

(Фото) Пожар меѓу Вељуса и Ангелци, спречено поголемо ширење

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања