Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Несреќа на охридскиот аеродром: Работник паднал од кров и се здобил со тешки повреди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryeqcl3su8j8slfX3cBF7
Скопје1.мк

Четириесет и четиригодишен работник од Кавадарци се здобил со тешки телесни повреди откако паднал при изведување градежни работи на Меѓународниот аеродром „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

— реклама —

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 8 јуни во 11:25 часот во СВР Охрид било пријавено дека при извршување градежни работи на кровот на една од зградите на аеродромот, паднал работник кој се здобил со тешки повреди.

— реклама —

Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот и утврдиле дека станува збор за З.П. (44) од Кавадарци.

— реклама —

Повредениот бил пренесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му била укажана лекарска помош.

— реклама —

Увид на местото бил извршен, а надлежните институции работат на целосно расчистување на околностите под кои се случила несреќата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 18 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 18 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 18 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања