Промени тема
Контакт

Нестабилно време со дожд и ветер, од понеделник пообилни врнежи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-library6ug3fl146464dJlt1Xb

— реклама —

Претежно облачно време ќе преовладува денеска низ земјава, при што во крајните северозападни и југоисточни делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планински предели се очекува слаб снег. Ќе дува умерен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе биде засилен и ќе дува од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од 3 до 7 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 8 до 12 степени Целзиусови.

— реклама —
— реклама —

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Во претпладневните часови ќе има појава на магла, а попладне се очекуваат сончеви периоди со услови за повремени локални врнежи од дожд. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 3 степени, а максималната ќе достигне до 12 степени.

— реклама —

Во наредните денови следува период на изразена нестабилност. Во понеделник се очекуваат пообилни врнежи од дожд, со услови за ретки грмежи, а врнежите ќе продолжат и во вторник, сè до вечерните часови. Во среда претпладне времето ќе биде претежно сончево, но во попладневните часови облачноста повторно ќе се зголеми. Во текот на ноќта кон четврток и во текот на четврток се најавуваат нови врнежи од дожд, а на повисоките планински предели повторно ќе има услови за снег.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-1140PM

Сончево, но нестабилно попладне: Се очекуваат пороен дожд, грмежи и град

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-library9u2pdllan6shaoQqYGt

Најмногу дожд во Крива Паланка – измерени 30 литри на метар квадратен

Македонија | пред 1 месец

media-librarybnsrphbu13gb4yPqQof

Топло време со температури до 38 степени, попладне можна нестабилност

Македонија | пред 1 месец

media-librarykr8hik32amhla2RiMGa

Денес сончево и многу топло, температурата ќе достигне до 39 степени

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања