Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Нетанјаху нареди засилување на воените операции на окупираниот Западен Брег

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
netanjahu

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата нареди засилување на воените операции на целиот окупиран Западен Брег, по нападот во близина на населбата Неве Цуф, северозападно од Рамалах, во кој едно лице загина.

— реклама —

Израелската војска соопшти дека е уапсен Палестинец осомничен за нападот.

— реклама —

Нетанјаху порача дека израелските сили ќе ги гонат сите лица за кои ќе биде утврдено дека учествувале во нападите врз Израелци. Тој истакна дека одговорност ќе се бара од нив на повеќе места, меѓу кои и на Западниот Брег, кој го нарече со библиското име Јудеја и Самарија.

Премиерот потврди дека им наредил на војската и безбедносната служба Шин Бет да распоредат дополнителни сили, да воспостават блокади и да спроведуваат офанзивни операции и апсења на Западниот Брег.

— реклама —

Нетанјаху истовремено наредил веднаш да започне уривањето на домот на Палестинецот осомничен за пукањето.

— реклама —

Од почетокот на војната во Газа во октомври 2023 година, на Западниот Брег се засилени израелските воени операции и нападите од доселеници врз Палестинци и нивниот имот. Тие вклучуваат убиства, апсења, уривање домови и проширување на израелските населби.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycak8udcnlp4o9DsKbLB

Трамп ја прекинува воената помош за Израел: „Доволно се богати сами да си купуваат оружје“

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Израел: Мисијата во Иран не е завршена, подготвени сме за сите сценарија

Свет | пред 4 дена

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.28

Израел се заканува со нови воени операции против Иран: „Мисијата сè уште не е завршена“

Свет | пред 4 дена

netanjahu

Крај на ерата на Нетанјаху? 67 пратеници го поддржаа неговиот ривал

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања