Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Нетанјаху: Иранскиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи е жив и се крие

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
netanjahu

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека верува оти иранскиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи е жив.

Моџтаба Хамнеи не се појавил во јавноста откако го наследи својот татко Али Хамнеи, кој беше убиен во американско-израелските воздушни напади на почетокот на војната, што предизвика бројни шпекулации за неговата состојба.

— реклама —

Според претходни информации, новиот врховен лидер наводно бил тешко ранет во нападот во кој загинале уште пет членови на неговото семејство.

Во интервју за емисијата „60 минути“ на телевизијата Си-Би-Ес, Нетанјаху изјави:

— реклама —

„Мислам дека Моџтаба Хамнеи е жив. Во каква состојба е, тешко е да се каже.“

— реклама —

Тој додаде дека Хамнеи се крие.

„Се крие во некој бункер или на тајна локација и се обидува да го задржи својот авторитет. Мислам дека го нема истиот авторитет што го имаше неговиот татко“, изјави израелскиот премиер.

— реклама —

Иранската агенција „Фарс“ вчера објави дека Хамнеи се сретнал со еден воен командант и дал „нови насоки за продолжување на операциите и решително спротивставување на непријателите“.

Агенцијата не објави дополнителни детали.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycak8udcnlp4o9DsKbLB

Трамп ја прекинува воената помош за Израел: „Доволно се богати сами да си купуваат оружје“

Свет | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Израел: Мисијата во Иран не е завршена, подготвени сме за сите сценарија

Свет | пред 5 дена

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.28

Израел се заканува со нови воени операции против Иран: „Мисијата сè уште не е завршена“

Свет | пред 6 дена

netanjahu

Крај на ерата на Нетанјаху? 67 пратеници го поддржаа неговиот ривал

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања