Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Нетанјаху најави тужба против „Њујорк тајмс“: Израел нема да молчи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави на Икс дека им наложил на своите правни советници да ги разгледаат „најстрогите правни мерки“ против „Њујорк тајмс“ и неговиот колумнист Николас Кристоф.

Нетанјаху реагираше откако „Њујорк тајмс“ објави текст во кој се наведува систематска сексуална злоупотреба на палестински затвореници во израелските затвори. Во написот се опишани случаи на малтретирање на палестински притвореници, вклучително и сведоштва на поранешни затвореници и наводи за постапување на израелските сили.

— реклама —

„Чуварите се смееја додека дресирани кучиња ме силуваа“, гласи едно од сведоштвата наведени во текстот.

„Денес им наложив на моите правни советници да ги разгледаат најстрогите правни мерки против ‘Њујорк тајмс’ и Николас Кристоф“, напиша Нетанјаху.

— реклама —

Тој ги обвини весникот и колумнистот дека ги „клеветат израелските војници“ и шират, како што рече, „крвава клевета за силување“.

— реклама —

„Се обидоа да создадат лажна симетрија меѓу геноцидните терористи на Хамас и храбрите израелски војници“, напиша израелскиот премиер.

Нетанјаху порача дека Израел под негово водство нема да молчи пред ваквите обвинувања.

— реклама —

„Под мое водство, Израел нема да молчи. Ќе се бориме против овие лаги пред јавноста и пред суд. Вистината ќе победи“, најави тој.

Неговата реакција доаѓа во време кога обвинувањата за злоупотреба на палестински затвореници веќе предизвикаа сериозни реакции од организациите за човекови права.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

netanjahu

Нетанјаху не се откажува од власта: „Влада на национално единство е можна“

Свет | пред 2 дена

— реклама —
netanjahu

Нетанјаху се сомнева дека Турција и Катар финансирале мобилизирање арапски гласачи во Израел

Свет | пред 2 седмици

netanjahu

Нетанјаху тајно отпатувал во Абу Даби и се сретнал со претседателот на ОАЕ

Свет | пред 1 месец

netanjahu

Уапсени двајца мажи во Њујорк откако излегле од шахта во близина на хотелот каде што требало да престојува Нетанјаху

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања