Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Нетанјаху нареди на војската да преземе контрола над 70 проценти од Газа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
netanjahu

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ѝ наредил на израелската армија да преземе контрола над 70 проценти од територијата на Појасот Газа.

Изјавата ја даде за време на конференција на окупираниот Западен Брег, пренесе Си-Ен-Ен.

— реклама —

„Сега контролираме 60 проценти од територијата на Газа. Бевме на 50 проценти, а сега преминавме на 60. Мојата директива е да продолжиме понатаму – чекор по чекор – прво до 70 проценти“, изјави Нетанјаху.

— реклама —

Според него, Израел дополнително го „стега обрачот“ околу Хамас.

Израелските одбранбени сили уште кон крајот на април објавија мапи според кои војската контролира околу 64 проценти од Газа.

— реклама —

Проширувањето на контролата врз поголем дел од Појасот Газа би значело дека околу два милиони Палестинци ќе бидат потиснати на уште помал простор во веќе разурнатата енклава.

— реклама —

Во меѓувреме, Хамас го обвини Израел за кршење на договорот за прекин на огнот постигнат во октомври 2025 година.

Од палестинското движење соопштија дека Израел со поместувањето на линијата на разграничување го поткопува примирјето и се обидува со сила да воспостави нова реалност на теренот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

netanjahu

Нетанјаху го оспорува изборниот резултат во Израел, тврди дека арапските партии ги украле изборите

Свет | пред 3 часа

— реклама —
netanjahu

Нетанјаху го оспорува изборниот резултат во Израел, тврди дека арапските партии ги украле изборите

Свет | пред 4 часа

netanjahu

Прелиминарни резултати во Израел: Блокот на Нетанјаху води со 57 мандати

Свет | пред 5 дена

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Неизвесна изборна трка во Израел: Нетанјаху и Ајзенкот без убедлива победа

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања