Промени тема
Контакт

Нетанјаху: Се надевам дека Трамп создава услови за договор со Иран без воена ескалација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
netanjahu

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека се надева оти американскиот претседател Доналд Трамп создава предуслови за постигнување договор со Иран, со кој би се избегнала воена интервенција.

Нетанјаху, кој вчера разговараше со Трамп во Вашингтон, нагласи дека секој можен договор со Иран „мора да ги содржи елементите што се од витално значење за Израел“. Според него, тоа подразбира запирање на иранската нуклеарна програма, ограничување на балистичките ракети и сузбивање на дејствувањето на посредничките структури што Техеран ги поддржува во регионот.

Ова беше седма средба меѓу Трамп и Нетанјаху откако американскиот претседател повторно ја презеде функцијата. Разговорот се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми. Трамп ја оцени средбата како „многу добра“, но посочи дека не биле донесени суштински одлуки.

Американскиот претседател претходно се закани со можни напади врз Иран доколку не се постигне договор, додека Техеран возврати дека во таков случај ќе следи одмазда, што ги засили стравувањата од поширок регионален конфликт. Трамп во повеќе наврати ја истакна својата поддршка за безбеден Израел, долгогодишен сојузник на Соединетите Американски Држави и еден од најострите противници на Иран.

— реклама —

„Мислам дека условите што тој ги создава, во комбинација со фактот дека тие сигурно разбираат дека минатиот пат направија грешка што не постигнаа договор, можат да создадат околности за добар договор“, изјави Нетанјаху.

— реклама —

Тој нагласи дека со САД споделува „многу блиска и искрена врска“ и дека разговорите се фокусирале на повеќе прашања, но пред сè на преговорите со Иран. Според него, Трамп сакал директно да го слушне неговото мислење.

Нетанјаху се осврна и на неодамнешниот дванаесетдневен судир меѓу Израел и Иран, кој кулминираше со американски воздушни напади врз ирански нуклеарни објекти, посочувајќи дека иранската страна веќе знае „со кого има работа“. Трамп претходно изјави дека верува оти Иран сака договор.

— реклама —

Иранските власти соопштија дека се подготвени да разговараат за ограничувања на својата нуклеарна програма во замена за укинување на санкциите, но ја отфрлија можноста тоа прашање да се поврзе со ракетната програма.

Нетанјаху додаде дека на средбата се разговарало и за состојбата во Газа, каде што е на сила кревко примирје меѓу Израел и палестинското движење Хамас, како и за пошироките регионални прашања. „Тоа беше уште еден разговор со голем пријател на Државата Израел, каков што никогаш досега не сме имале“, изјави израелскиот премиер.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb7nlifkbu0tg5n9fZhj

Паника на летот Дубаи–Тел Авив: Пилотите се степале, од авионот бил испратен сигнал за киднапирање

Свет | пред 8 часа

— реклама —
gaza2

Израелската армија го уби командантот на Хамас во воздушен напад врз Газа

Свет | пред 22 часа

netanjahu

Нетанјаху со предупредување пред изборите: „Нашите непријатели ќе се обидат да нè нападнат“

Свет | пред 1 ден

media-libraryuek42305l4ovf6Ps9bm

(Видео) „Сакам да те погубам“: Израелскиот министер му се закани на затвореник на Хамас

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања