Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Неверојатна глетка во Јадранот: Изронил кит тежок до 70 тони кај хрватски остров

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Балкан
media-librarymnfsbjjj3ts494pombc
unsplash

Вистинска сензација предизвика појавата на огромен кит во Јадранското Море, откако кај островчето Блитвеница, југозападно од Жирје, во Хрватска, бил забележан еден од најголемите морски цицачи на планетата.

— реклама —

Станува збор за кит перкар (Balaenoptera physalus), второто најголемо животно во светот, веднаш по синиот кит. Возрасните единки можат да достигнат должина поголема од 20 метри и тежина до 70 тони.

— реклама —

Иако ваквата глетка за многумина изгледа несекојдневно, експертите велат дека овој вид не е редок посетител на Јадранот. Биологот и виш кустос во Хрватскиот природонаучен музеј, Драшко Холцер, објаснува дека китовите перкари сезонски навлегуваат во Јадранското Море, најчесто во текот на пролетта и летото, во потрага по храна.

— реклама —

Главната причина за нивното доаѓање е зголемената концентрација на планктон и крил – ситни морски организми со кои се хранат, особено во подрачјето на Јабучката Котлина и јужниот дел на Јадранот.

— реклама —

Иако најчесто престојуваат во подлабоките и отворени морски области, нивното присуство обично останува незабележано за пошироката јавност. Сепак, рибарите и екипажите на бродовите повремено имаат можност да сведочат на вакви спектакуларни средби со морските џинови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Hrvatska-policija

Експлозија во центарот на Загреб, во близина на музеј пронајдено тело

Балкан | пред 2 дена

— реклама —
media-library8k9qjmcsf0pn7RS263T

Нови детали за трагедијата во Хрватска: Возачот тврди дека му се слошило зад воланот, одреден му е притвор

Балкан | пред 2 дена

media-library8k9qjmcsf0pn7RS263T

Нови информации за автобуската несреќа во Хрватска: Петмина од повредените се отпуштаат на домашно лекување

Балкан | пред 3 дена

media-librarymrpi3a3cq155ej0WJ7L

Пукал со огнено оружје во Хрватска, па избегал – полицијата го уапси

Балкан | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања