Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Невреме пустошеше низ Словенија: ветер корнеше покриви, град оштети објекти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Балкан
nevreme-1
Илустрација

Словенија се соочи со силно невреме, проследено со поројни дождови, грмотевици, силен ветер и град, при што најголеми штети беа пријавени во источните делови на земјата и во регионот околу Марибор.

— реклама —

Според словенечките медиуми, ветерот на повеќе места откорнувал покриви, уривал дрвја и електрични столбови, додека пожарникарските служби интервенирале на бројни локации. Оштетувања биле регистрирани и на објекти, меѓу кои и на зградата на Универзитетскиот клинички центар во Марибор.

— реклама —

Градот на одредени места достигнувал големина на орев, а Словенечката агенција за животна средина – АРСО претходно го подигнала нивото на предупредување од жолто на портокалово поради опасност од силни грмотевични процеси, поројни врнежи и силни налети на ветер.

Невремето најпрво ги погодило северните и источните региони на Словенија, а потоа се придвижило кон централниот и југоисточниот дел од земјата. Врнежи и силен ветер биле забележани и во Љубљана, додека на аеродромот во близина на главниот град биле измерени засилени удари на ветер.

— реклама —

Надлежните служби предупредија дека и по поминувањето на главниот бран постои можност за локални поројни дождови и засилени ветрови. Засега не се очекуваат поголеми поплави, но во делови каде што дождот ќе продолжи, можно е зголемување на водостоите.

— реклама —

Невремето ја зафати и Хрватска. Во Загреб биле регистрирани силни грмежи, дожд и ветер, а хрватските метеоролози издадоа жолто предупредување за поголем дел од внатрешноста на земјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb02mpud7hebi5pryTkd

(Видео) Реките се излеваат, свлечишта затворија патишта: Словенија и Италија под силно невреме

Свет | пред 3 минути

— реклама —
media-library96v5rst2puce42n0jT7

Неколку дена трае потрагата по исчезнатиот 19-годишен планинар од Србија на Триглав

Балкан | пред 1 седмица

media-library79u307dnpu67eS0Pubb

Нови камери на автопатите во Словенија: Забавувањето пред радарот повеќе нема да ве спаси од казна

Свет | пред 2 седмици

media-libraryh1p24huuef7gaJ63Xld

Во Словенија откриена нелегална фабрика за цигари вредна 30 милиони евра

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања