Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Независниот синдикат на полицијата со барања до МВР: Повисоки казни, повисоки плати и нова систематизација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-library5ie3l356m47l6ECiNtD

Претседателот на Независниот синдикат на полицијата, Мартин Ефремов, информира дека на работната средба со министерот за внатрешни работи биле отворени повеќе клучни прашања за статусот на полициските службеници, платите и работните услови. Тој посочи дека од МВР било уверено дека нема да има намалување на платите за вработените кои не се на раководни функции, а било побарано и зголемување на платите за полицијата за 20 проценти по новата систематизација.

„Денес во Министерството за внатрешни работи остваривме работна средба со министерот за внатрешни работи, на која отворивме дискусија за следните точки:

Побаравме поддршка за измени на ЗППЈРМ и предвидување на повисоки казни за прекршителите, особено во делот на омаловажување на полициските службеници и државните органи.

— реклама —

Во однос на постапката за набавка на нова униформа, ни беше пренесено дека не е точно дека тендерот е поништен и дека во моментов од втора инстанца е вратен на дополнително разгледување, како и дека до крајот на месецот ќе имаме информација дали овој тендер ќе биде спроведен или ќе биде поништен и повторно објавен.

Директно го поставивме прашањето дали ќе има бришење и кратење од 20%, односно 30% од платите на вработените со новиот ЗВР, како што кружат шпекулации, на што јасно ни беше кажано дека на НИТУ ЕДЕН колега во МВР кој не е на раководна функција, без разлика во која категорија на ПС ќе работи, нема да му биде намалена платата за ниту еден денар.

Од наша страна беше истакнато дека не се согласуваме со тоа дека сите плати треба подеднакво да растат и дека на полицијата ѝ е потребно зголемување на платата во висина од 20%, за што од страна на министерот од нас беше побарано трпение од неколку месеци, до спроведување на новата систематизација, по што ќе може да се направи реална проекција за тоа во колкав износ ќе може да се зголемат платите.

— реклама —

Дополнително укажавме и побаравме решението за слободните денови од прекувремена работа да биде уредено со новиот колективен договор и конечно да биде исправена оваа неправда, која пред неколку години беше нанесена на оние што најмногу ја заслужуваат.

Од наша страна беше побарано решение и враќање на работа на колегите на кои работниот однос им беше ставен во мирување поради активни судски мерки, кои сега веќе се прекинуваат, на што наидовме на разбирање и ни беше кажано дека ќе се разгледа можноста истите да бидат вратени на работа доколку нема дополнителни пречки за тоа.

— реклама —

Побаравме повлекување на телеграмата за забрана за користење мобилни телефони за колегите од граничната полиција, поради која има голем број дисциплински постапки, за што ни беше ветено дека ќе биде извршена ревизија и дека истата ќе биде прилагодена согласно современите текови на работните процеси.

Побаравме додатокот од 45% за време на боледување да не биде дополнително кратен до боледување на ЕБР и САЕ, како и на останатите организациски единици кои имаат ваков додаток.

Побаравме упразнетите работни места со високо образование приоритетно да бидат пополнети со колеги кои имаат завршено високо образование, а веќе се вработени во МВР.

Спроведувањето на новата систематизација треба да биде завршено и изгласано на Влада до 15.03.2026 година, по што ќе следи нејзината имплементација, вели Ефремов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp6eiboa8ta5a6ZVAPjX

Се обиделе да прегазат полицајци и одзеле службен пиштол: Синдикатот обвинува за политичка манипулација во случајот со натепаните момчиња

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarymfandc8m49rp28wDkOy

Полицаец Албанец од криминалистичката полиција „главен тепач“ на момчињата за кои реагираат партиите од албанскиот блок, покажале првичните проверки во МВР

Македонија | пред 2 седмици

media-library4lj1uvs940op9pXdD53

(Видео) ДУИ по обвинувањата за полициска бруталност врз двете момчиња објави и видео, МВР отвори истрага

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Кратовец нападнал полицајци со нож, на еден му нанел тешки повреди, обвинителството бара притвор

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања