„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

„Ни крема за рани не ни дадоа“ – преживеан од пожарот во „Пулс“ со јавен апел за незаинтересираноста на државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Коментари
adgasgd

Дарко Златев, повреден во „Пулс“ кобната вечер, кога животот го загуби неговата внука, со јавен апел се обрати до јавноста. Тој тврди дека тие немаат добиено никаква помош од државата, а ниту биле посетени. Се жали дека немаат поддршка ниту грижа, особено потенцира, во Кочани нема ниту најосновни средства.

— реклама —

„Со голема болка и тешко срце ја споделувам трагедијата што не' снајде. Во пожарот што избувна во дискотеката во Кочани, животот го загуби мојата внука од сестра, заедно со уште 61 млад човек. Вкупно 62 загинати, и 200 повредени. И покрај огромната загуба, немаме добиено никаква помош од државата. До ден-денес, ниеден претставник од владата не не посети, ниту во болниците, ниту во домовите. Нема поддршка, нема грижа, нема ни најосновни медицински средства. Сè што имаме се донации од хумани луѓе – државата не обезбеди ни обични креми за раните, а камоли сериозна медицинска помош, дури и опремата односно двете маси за вежбање во физикалната се донации а без нив просториите беа потполно празни! Имаше доволно време да се обезбедат услови во болницата. Ние, повредените, бевме испратени на лекување во странство уште од таа кобна ноќ. Јас лично бев хоспитализиран во Белград, каде што веќе наредниот ден дојде премиерот Александар Вучиќ лично да не посети, да не слушне и да ни даде целосна поддршка – и психолошка, и медицинска,која во тој момент ни беше најзначајна“, пишува Златев и додава:

„А кај нас? Нашиот премиер не најде време да дојде и да не види, ниеден од повредените. Ни збор за поддршка. Ни чекор за лекување. Ниту правда, ниту одговорност! Затоа прашуваме: До кога вака? До кога жртвите ќе се игнорираат, а институциите ќе молчат? До кога ќе живееме во држава каде што човечкиот живот ништо не вреди?

— реклама —

Бараме: Итна и јавна истрага за причините за пожарот. Поддршка за семејствата на загинатите и повредените. Одговорност за сите што затаија. Достоинство за жртвите, и вистинска грижа за преживеаните. Ова не е само наша болка – ова е срам за една цела држава“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања