Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Николоски: Дали Арбен Таравари се уште е во заложништво од скандалот со Ѓока?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryg4qotlelsv989kKIZ4A

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Односите со Албанија се одлични и ќе останат такви. Но дали вашиот претседател Таравари со скандалот “Ѓока” барал помош од премиерот Еди Рама, па бил упатен да бара помош од Али Ахмети и со тоа Ве паркираа во коалиција со ДУИ, тоа е прашањето на кое треба Вие да одговорите, му порача вицепремиерот Николоски, на пратеникот Халил Снопче, на седницата за пратенички прашања.

— реклама —

Вицепремиерот Николоски, од собраниската говорница потенцира дека чудно е што Алијанса на Албанците повторно го конкретизира случајот со Илир Мета во Македонија и му порача на пратеникот Снопче да не биде користен за манипулации.

— реклама —

 “ Кога зборував со случајот на Илир Мета, чудесно е што сите провладини медиуми во Албанија напишаа колумни со исти тези против мене кои што сега вие ги кажавте. Чудесно е вие имате исто мислење со сите провладини медиуми во Албанија.  Односите со Албанија се одлични, такви биле,  такви се и такви ќе останат. Но ме зачудува после две три недели пак ја отварате темава.

— реклама —

Но би Ве прашал дали е вистина дека откако вашиот претседател  Арбен Таравари западна во проблеми со случајот “Ѓока”, отишол кај премиерот на Албанија, Еди Рама да бара помош и премиерот Рама му рекол: Jас можам да ти помогнам, но повеќе од мене може да ти помогне Али Ахмети и така Ве паркираа во коалиција со Али Ахмети.

— реклама —

Исто така, ако на ова во Албанија има некој што да каже слободно нека каже, нека не Ве користат вас како “прокси”  навистина непријатна улога Ви дале. Знам дека скандалот со Ѓока е огромен, но функцијава која Ви ја даваат е крајно непријатна. Со пријатели вака не се постапува.   И третата работа што ја кажувам е лична. Илир Мета ми е пријател, сум бил кај него неколку пати сам и фамилијарно,  сме се дружеле и ќе се дружиме. И кога бил во зенитот на поличката моќ и денес кога веројатно ги доживува најтешките моменти во политичкиот живот. Јас не се окажувам многу лесно од пријателите. Ме знаат сите пријатели во ВМРО – ДПМНЕ,  чесно е да го подржувам, а нека им служи на чест на тие кои наредија да го тепаат на автопат и случајно да има камери и да снимаат и еве две години да го држат во притвор. Тоа само во едноумието се случуваше во времето на Тито и во времето на Енвер Хоџа” – му одговори вицепремиерот Николоски на пратникот Халил Снопче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryi17vc505n0sabedLNuI

Николоски: Преку 6 милиони евра директна помош за Кичево, инвестираме за инфраструктурен развој на општината

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library0rs6fklq6sbt3FPKTSV

Николоски очекува Србија да продолжи со железничките проекти: Коридорот 10 е стратешки интерес

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryckgi9aho9k1cfJzI8D7

Николоски најави два нови експресни патишта кон Бугарија и железничко поврзување со Албанија

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryhhp00teqhar62zYnpqt

Владата бара решенија за превозниците во Шенген-зоната, Швајцарија прва подала рака, најави Николоски

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања