Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Николоски: Градскиот воз стана нов, побрз и поекономичен јавен превоз за Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library72im22a4udop1bXEIm0

Изминатава година интензивно се работи на воведување на градскиот воз, кој треба да ги поврзе приградските населби и општините околу Скопје со главниот град, обезбедувајќи побрз и поеколошки начин на превоз, вели заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

— реклама —

Тој посочува дека од Зелениково до Скопје со воз се патува околу 24 минути, додека со автомобил патувањето може да трае и до 70 минути.

— реклама —

„Тоа сериозно ќе придонесе за намалување на загадувањето и ќе им овозможи на учениците, студентите и сите оние што работат во Скопје и околните општини навреме да стигнуваат“, вели Николоски.

— реклама —

Градскиот воз во моментов сообраќа преку Зелениково, Ново Зелениково, Орешани, Јане Сандански, Лисиче и Драчево, а се работи и на станица кај Кисела Вода – „11 Октомври“ – бараки. Линијата завршува на Новата железничка станица.

— реклама —

Николоски додава дека се проектираат уште две линии – од Ѓорче Петров до Центар и од Илинден до Центар. Со нив, според него, ќе се заокружи концептот на три линии на градскиот воз како нов вид јавен превоз во Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6p3o62hpttred8zmVFn

(Видео) Возот свири оддалеку и подзастанува пред да помине, граѓаните бараат функционални рампи за поголема безбедност

Скопје | пред 45 минути

— реклама —
media-libraryfakfc0qke79p9Qgxdkz

Брзиот воз од Белград до Будимпешта и Виена тргнува на 13 декември: Познати и првичните цени на билетите

Патувања | пред 2 седмици

20180510_213816

Во вторник стартува новата линија на градскиот воз во Скопје

Скопје | пред 2 месеци

media-library7k5ngmouk0sm28bkNKc

Објавен возниот ред: Осум возови дневно меѓу Зелениково и Скопје од први септември

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања