ВО ЖИВО

ВО ЖИВО: Предновогодишна од фирма

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Николоски од Прага: Преговарме за нови инвестиции од Чешка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
Screenshot-2024-11-24-at-12.48.50

— реклама —
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска ја продолжува работната посета на Чешката Република, каде во Прага покрај учеството на Комитетот за економска соработка меѓу Македонија и Чешката Република, ќе оствари билатерални средби со високи претстваници на чешката влада.

— реклама —
Покрај средбата со директорот на аеродромот во Прага на која се разговарaше за воспоставување на нова линија Скопје –Прага,  како и можноста за нова линија Охрид- Карлови Вари, вицепремиерот ќе оствари и работни средби со министерот за транспорт и министерот за енергетика.

Во продолжение Ви ја пренесуваме интегралната изјава на вицепремиерот Николоски:

“Она што ми е особено задоволство е тоа што ќе се остварат бројни билатерални средби меѓу различни ресори. Покрај мојот ресор, тука е и ресорот земјоделие, култура и туризам, економија и финансии, надворешни работи и енергетика. Значи бројни сектори ќе бидат опфатени како можност за сорабокта меѓу двете држави. Веќе се прават посети на различни стопански концепти, исто така имаше и презентација на туристичките потенцијали на Македонија и множноста за привлекување на туристи, а само што завршивме состанок со директорот на аеродормот на Прага. Разговаравме за отворање на директна линија меѓу Скопје и Прага и можам да кажам дека сме многу блиску за отворање на директна линија, а можам да кажам дека разговаравме и за отварање на втора линија од Карлови Вари до Охрид како втора дестинација која би одела од Чешката Република. Денот  го продолжуваме со средба со претставниците на фабриката Шкода, мислам дека не треба многу да се кажува за Шкода, ќе се обидеме да ги привлечеме да инвестираат во Македонија. За утрешниот ден имаме средби со министерот за транспорт и министерот за енергетика, тука е и зедничкиот Комитет меѓу двете делегации и на тој начин очекувам да се зголеми трговската соработка а и туристичката размена меѓу двете земји и на овој начин покажуваме дека се обидуваме да го развиеме туристичкиот потенцијал и да ја подобриме економијата во Македонија.

На средбата со директорот на аеродромот на Прага беа разменети идеи дали да се оди со авиопревозник кој што би го имал Скопје како единствена дестинација или тоа би се користело за конектинг летови кои би поврзувале други дестинации. Јас сум повеќе за втората варијатна затоа што тоа отвора друг тип на патници, отвора повеќе патници, а во однос на летната сезона таа е веќе почната така што зборуваме за зимска сезона и другата летна сезона, тоа е најрано кога што можеме да очекуваме други дестинации” -изјави вицепремиерот Александар Николоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања