Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Николоски: Започнуваме со реконструкција, модернизација и надградба на охридскиот аеродром, прва од неговата изградба. Создаваме модерен аеродром кој ќе привлече бројни патници и туристи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-libraryc0259ossq4c51yizE9s

Започна проект за реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, со кој ќе се добијат 4.500 м² функционален простор, односно 2.500 м² повеќе од сегашниот. Почетокот на работите го означија Александар Николоски, Христијан Мицкоски и директорот на ТАВ, Неџат Курт. Николоски нагласи дека ова е прва реконструкција од ваков обем и дека ќе овозможи поголем капацитет, подобро искуство за патниците и поттик за туризам и бизнис. Како придружни инвестиции ги посочи радарскиот систем на М-НАВ, подобрата патна поврзаност (Охрид–Кичево и клучката кај аеродромот) и новата политика што донела 24 нови дестинации, со раст на патници над 3,35 милиони и очекувања за понатамошен пораст.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Започнуваме со сериозен проект за реконструкција, надградба и модернизација на охрискиот аеродорм Св. Апостол Павле, што треба да донесе 4.500 метри квадратни функционален простор што е за 2.500 квадратни повеќе од постојниот простор. Ова е прва реконструкција и надградба од овој обем по изградбата на овој аеродром, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој денеска заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и директорот на ТАВ, Неџат Курт го означија почетокот на градежните работи.

— реклама —

Вицепремиерот во својот говор истакна дека ова е значајна инвестиција во време кога Владата со своите политики сериозно го развива авиосообраќајот преку воведување на 24 нови авиолинии, превезени преку 3, 3 милиони патници и крупни инфраструктурни проекти околу аеродромот.

— реклама —

“Ова е навистина еден посебен ден, затоа што можете сите да видите дека започнуваме so сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле. Ова практично се случува во оваа големина и на овој начин прв пат откако аеродромот е изграден. После добивањето на концесијата со ТАВ се прошири и се модернизираше аеродромската писта, а сега еве прв пат имаме сериозно проширување, надградување и реконструкција на аеродромот што треба да донесе 4.500 метри квадратни функционален простор, што е некаде зголемување за 2.500 квадратни од постојниот простор.

Тоа ќе значи можност за многу повеќе патници, за патници кои што пријатно ќе се чувствуваат кога се летуваат и полетуваат од охридскиот аеродром. Ќе значи многу повеќе можност за туризам, за бизнис и за поврзаност. Инвестицијата е во повеќе фази. Едната е оваа што се гледа и што се работи, но постојат и многу споредни инвестиции кои што сакам да ги спомнам.

Прво, тука се активностите на М-НАВ, поврзани со сигурноста на небото и со контролата на летање, каде што еден модерен радарски систем веќе е интегриран и работи тука. Веќе интензивно се работи на Скопскиот аеродром. Понатаму изградбата на автопатот Охрид-Кичево, кој што е дел од Kоридорот 8, можете да видите дека овој дел е веќе завршен и дека од Охрид буквално за пет минути се стига до аеродромот, а од Струга некаде за десетина минути. Големата клучка која што се изгради тука позади нас, која што ќе значи брз пристап кон аеродромот, што дополнително ќе значи многу, затоа што најчесто патниците кои патуваат гледат колку се аеродромите оддалечени од местата до коишто треба да стигнат.  Секако, тука е експанзијата на летови која со поддршка на претседателот на Владата, Мицкоски успеавме да воведиме нова политика на привлекување на нови дестинации преку една политика на субвенционирање која што беше прилагодена на новите потреби на новото време и резултатите ги имаме во две насоки. Првата насока е дека имаме 24 нови дестинации од скопскиот и охридскиот аеродром откако е избрана оваа влада и втората, за мене исто толку значајно е дека веќе почнуваат да се отварат дестинации без субвенции, што значи дека политиката на не носи во ситуација да авиокомпаниите отворат дестинации и без да бараат субвенција. Така што многу зборува за развојот на авиособраќајот, а најдобар доказ за тоа е дека минатата година помина само скопскиот аеродром со 3 милиони патници, вкупно некаде над 3 милиони и 350 илјади. Оваа година очекувам над 3,5 милиони на двата аеродроми, а веќе следната година ќе таргетираме над 4 милиони патници на двата аеродроми, што многу, многу ќе значи за целата држава, имајќи предвид дека ние сме држава од милион и осумстотини жители и дека, секако, ова бројка која што е далеку над таа можност, држава која што нема излез на море, така што во вакви услови навистина двата аеродроми имаат одличен перформанс” – се обрати вицепремиерот Николоски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryt6351tqbamgk4xpWE8Q

Николоски: Авиокомпаниите веќе ја таргетираат Македонија како атрактивна дестинација, политиките на Владата дадода резултати, годинава планираме над 3,5 милиони патници

Македонија | пред 2 часа

Nikoloski-a-1

Николоски: Имаме цел да создадеме услови за отворање на истражувачки центри во Македонија

Македонија | пред 1 седмица

Aleksandar-Nikoloski-20.04.2023-1

Николоски: Работиме на зголемување на капацитетите и модернизирање на аеродромите

Македонија | пред 1 седмица

media-library8e52o23iv57sb5bjlUB

Николоски најави реконструкција на граничните премини Ќафасан и Деве Баир, возила за комунална хигиена и Интелигентни транспортни системи

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања