Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Ништо од враќањето во Мадрид: Модриќ останува во Милан!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Спорт
media-libraryf88c1q3q9ttv5zJmXXm
screenshot youtube

Милан официјално потврди дека Лука Модриќ ќе остане во клубот, откако ја активирал опцијата во постојниот договор и ја продолжил соработката до 30 јуни 2027 година.

„Иднината и понатаму го носи неговото име. Приказната на Лука со Росонерите продолжува“, објави италијанскиот клуб на социјалните мрежи.

— реклама —

Од Милан истакнаа дека капитенот на хрватската репрезентација и понатаму ќе придонесува со своето искуство, квалитет и лидерски способности.

Модриќ пристигна во Милан во летото 2025 година како слободен играч, по 13 сезони во Реал Мадрид, каде што освои 28 трофеи.

— реклама —

Минатата сезона настапи на 37 натпревари во сите натпреварувања, постигна два гола и беше еден од клучните фудбалери на тимот, иако финишот на сезоната го пропушти поради повреда на јаболчната коска.

— реклама —

Според „Газета дело Спорт“, хрватскиот играч од средниот ред ќе ја задржи основната годишна плата од 3,5 милиони евра, а со бонуси може да заработи до 4,5 милиони евра.

По потпишувањето на договорот, Модриќ нема да се врати во Милано, туку следната недела директно ќе му се приклучи на тимот на подготовките во Австралија.

— реклама —

Во изминатите денови шпанските медиуми шпекулираа дека би можел да го напушти Милан поради семејни причини, но со продолжувањето на договорот хрватскиот ветеран стави крај на таквите наводи.

Во сезоната 2026/27 Милан ќе настапува во Серија А, Купот на Италија и Лигата на Европа, натпреварување кое е единствениот европски трофеј што недостига во богатата кариера на Лука Модриќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryta6ouhu7c3v78u43Jtr

Мурињо откри дали брадата му носи среќа пред Ел Класико

Спорт | пред 2 седмици

— реклама —
media-library5odsev01qor28PWHJZq

Мбапе доби зелено светло од Реал, дали се подготвува изненадување за „Златната топка“?

Спорт | пред 2 седмици

media-librarykthm4fckl1lb2xnwFXE

(Видео) „Двојните стандарди мора да престанат“: Озил упати порака до ФИФА

Свет | пред 2 седмици

media-library98ltv1m2m1v82yfCkaG

Почина Бо Јохансон, селекторот што ја одведе Данска до историското четвртфинале на СП 1998

Спорт | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања