Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Ниту 1 денар јавни пари не се исплатени кон компанијата која најави дека ќе произведува автомобили, па ја снема, тврди ТИРЗ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-03-10-at-11.10.38

„Дирекцијата за ТИРЗ остро реагира на наводите за злоупотреба на јавни средства за проектот е.Го. Ниту 1 денар јавни пари не се исплатени кон оваа компанија. Покажавме дека имаме јасни процедури и капацитет да го заштитиме јавниот интерес и средства“, велат од ТИРЗ и додаваат:

— реклама —

Политичката партија ВМРО ДПМНЕ денес фрли јавен сомнеж врз процедурите и капацитетите за реализација на државната помош, кои засегаат не само еден туку над 40 договори што ги спроведува Дирекцијата за ТИРЗ. Со ова, се прави непосреден удар не само врз угледот на компаниите корисници на ТИРЗ, туку и врз животниот стандард на близу 20.000 наши сограѓани кои се директно ангажирани во овие компании.

Во интерес веднаш да се расчисти со овие сомнежи и обвинувања и намалување на штетата врз луѓето и овие компании, јавно ја покануваме политичката партија ВМРО ДПМНЕ веднаш и без одлагање да дојде и да направи увид во целокупната документација на проектот и да најде макар 1 денар јавни пари исплатени на компанијата.

— реклама —

Доколку се утврди дека вакви средства не се исплатени, очекуваме политичката партија да упати јавно извинување за нарушен углед до сите компании што користат поддршка од државата, а вработуваат близу 20.000 наши сограѓани и кои, само во 2023 година, уплатиле најмалку 75 милиони евра обврски кон Буџетот на државата.

Дирекцијата за ТИРЗ во целиот изминат период навремено и транспарентно ја информира јавноста за сите прашања поврзани со проектот за електрични возила е.Го во Тетово.

Конкретно, при самото потпишување на договорот презентирани се сите детали за поддршката од државата, а целосен увид во договорот е даден на сите заинтересирани медиуми кои се обратија до Дирекцијата. Во ниту еден момент од наша страна не е одбиен или пренасочен кон друга институција одговор на прашања поврзани со проектот. Ова, иако Дирекцијата за ТИРЗ е еден дел од повеќе останати институции, кои истотака имаат свое место и улога во реализација на проектот.

Имајќи го предвид предходното, ставовите изнесени во соопштението на политичката партија ВМРО ДПМНЕ за некакво криење на договорот и нетранспаретност ги сметаме за остаток на матрица на однесување на институциите од едно минато време.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

J4A3115

Јован Деспотовски осомничен дека како директор на ТИРЗ направил злоупотреби - објавени детали

Македонија | пред 1 година

IMG_5106

Директорот на ТИРЗ Димовски во официјална посета на Текнопанел

Македонија | пред 1 година

J4A3115

Деспотовски поднесе оставка од функцијата директор на ТИРЗ

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Деспотовски: Да ги платиме нашите луѓе повеќе за да останат дома

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања