Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Тепачки, разбојништва, кражби: што се случуваше во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Скопје
IMG_6295-scaled-1

Во текот на 17 и 18 јануари 2026 година, во Министерство за внатрешни работи, преку СВР Скопје, биле евидентирани повеќе пријави и интервенции поврзани со физички напади, насилно одземање предмети и кражби во објекти на финансиски друштва на подрачјето на главниот град.

— реклама —

На 18 јануари 2026 година во 01:30 часот, во СВР Скопје, Д.Ч. (48) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од лицето Д.П. Неколку часа подоцна, околу 03:20 часот, Г.Ч. (20) пријавил дека на 16 јануари 2026 година Д.П. насилно му го одзел мобилниот телефон. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на двата случаи.

Претходниот ден, на 17 јануари 2026 година во 14:30 часот, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.С. (30) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 06:10 часот физички го нападнал А.М. (22) од Скопје, при што ја турнал на земја и сопругата на оштетениот. По целосно документирање на случајот, како што информира МВР, ќе следува соодветен поднесок.

— реклама —

Во ист ден, во 14:40 часот, на подрачјето на Карпош, од слобода бил лишен Н.С. од Скопје. Според пријавата, на 16 јануари 2026 година пред угостителски објект, тој со своето возило го оштетил автомобилот на Г.Ѓ. (23) од Скопје, а потоа со возилото го удрил и оштетениот. И во овој случај, по целосно расчистување на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

— реклама —

На 17 јануари 2026 година во 16:20 часот, во СВР Скопје, Т.Б. (52) од Скопје пријавил дека околу 00:30 часот, на подрачјето на Гази Баба, бил физички нападнат од лицето А.А. Полицијата презема мерки за утврдување на сите околности поврзани со настанот.

Истовремено, во раните утрински часови на 17 јануари, биле пријавени и две кражби во објекти на финансиски друштва. Во 05:20 часот било пријавено дека на подрачјето на Центар насилно било влезено во објект на финансиско друштво и одземен бил сеф со пари. Неколку минути порано, во 04:44 часот, била пријавена слична кражба и на подрачјето на Гази Баба, каде од објект на финансиско друштво насилно биле одземени пари од сеф.

— реклама —

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека за сите наведени случаи се преземаат интензивни мерки и активности за нивно целосно расчистување и за утврдување на кривичната одговорност на инволвираните лица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarync6uhlmt48k6b0ulE5B

Напади врз сопруги, малолетно девојче и членови на семејството: Шест пријави за насилство за едно деноноќие

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
media-librarytg231nvnmkn2eOsI9RT

Украдени злато, пари и службена „дачиа“ на МЕПСО во Визбегово

Македонија | пред 14 часа

tepacka1

Напад врз сопруга, патничка во автобус и малолетно девојче: Три случаи на физичко насилство во Кочани и Скопје

Македонија | пред 16 часа

uapsen

По бегството низ прозорец од полициска станица, се предаде 24-годишникот кој физички и психички ја малтретирал партнерката

Македонија | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања