Промени тема
Контакт

НЛО-досијеа на САД излегуваат во јавност - постојат ли вонземјани?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryl980ocllcbiqaNCVygE
Фото: Фејсбук/Володимир Зеленський

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата администрација пронашла „многу интересни документи“ поврзани со неидентификувани летачки објекти (НЛО), најавувајќи дека дел од материјалите наскоро ќе бидат објавени.

— реклама —

„Пронајдовме многу интересни документи и првите објавувања ќе започнат многу, многу брзо“, рече Трамп на настан организиран од конзервативната група „Тарнинг поинт САД“.

Тој потсети дека во февруари наредил на американските институции да започнат со декласификација на владини досиеја поврзани со НЛО, неидентификувани воздушни феномени и можен вонземски живот, повикувајќи се на големиот јавен интерес за темата.

— реклама —

Во контекст на оваа одлука, Трамп го спомена и поранешниот претседател Барак Обама, кој во едно интервју зборуваше за можноста за постоење вонземски живот. Подоцна, Обама појасни дека не видел докази за контакт со вонземјани за време на својот мандат, иако смета дека статистички е можно живот да постои и на други места во универзумот.

— реклама —

И самиот Трамп изјави дека нема видено докази за постоење вонземјани и дека останува скептичен.

Во меѓувреме, Пентагон во изминатите години спроведуваше истраги за НЛО-феномени, при што во извештаи од 2022 и 2024 година беше наведено дека нема докази кои укажуваат на посета или присуство на вонземска технологија на Земјата.

Според американските власти, најголем дел од пријавените случаи се должат на погрешно идентификувани објекти или природни појави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2025-05-08-at-19.47.27

„Смртната казна е неприфатлива“: Папата Лав со порака по најавата на Пентагон

Свет | пред 11 час

— реклама —
media-library52u4i4co6s1m4lgWAkj

(Видео) Девет загинати во пукање во САД, полицијата потврди што се случило со напаѓачот

Свет | пред 12 часа

media-library8s88kcp0aes58iSDhJ8

Американката осудена на смртна казна вратена во затвор откако го преживеа обидот за погубување

Свет | пред 14 часа

media-libraryqn6p4ibd45n46Ni9XYZ

Именувана нова портпаролка на Белата куќа: Која е Кејти Захарија?

Свет | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања