Промени тема
Контакт

Норовирус на крузер во Франција: Еден патник починат, десетици со симптоми

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryipe43v2hb9p02Q5sBug
unsplash

Франција стави во карантин повеќе од 1.700 патници и членови на екипаж на крузер закотвен во Бордо, откако еден патник починал, а кај десетици лица биле забележани симптоми на норовирус.

Според здравствените власти, починал 90-годишен британски државјанин, додека околу 50 лица покажале симптоми на вирусот, пренесе „Дејли мејл“.

— реклама —

Крузерот на компанијата Ambassador Cruise Line пристигнал во Бордо во вторникот, а поголемиот дел од 1.233 патници биле од Велика Британија и Ирска.

Норовирусот е форма на гастроентеритис што предизвикува повраќање и дијареја и важи за многу заразен вирус.

— реклама —

Бродот испловил од Шетландските Острови на 6 мај, а претходно застанал во Белфаст, Ливерпул и Брест, пред да пристигне во Бордо, од каде што требало да продолжи кон Шпанија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryipe43v2hb9p02Q5sBug

Епидемија на норовирус во Португалија: Повеќе од 120 заразени по младински фудбалски турнир

Свет | пред 1 месец

media-library7lf9uob0rat05XU5wDo

Над 100 лица заразени со норовирус на крузер на Карибите

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања