Промени тема
Контакт

Норвешка испраќа предупредувачки писма: Војската може да заплени приватен имот во случај на војна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
Medical-jobs-in-Norway-696x322-1

Норвешките власти испратиле илјадници писма до граѓаните со предупредување дека, во случај на војна со Русија, армијата би можела да побара и да заплени приватен имот, вклучително домови, возила, пловни објекти и работни машини, објавуваат британските медиуми.

Планот предвидува т.н. „подготвителни реквизиции“, со кои државата однапред ги известува сопствениците дека нивниот имот може да биде ставен на располагање на вооружените сили доколку безбедносната состојба драматично се влоши. Во понеделникот биле издадени околу 13.500 вакви известувања, со важност од една година.

— реклама —

Од норвешката војска соопштија дека овие мерки имаат за цел да обезбедат армијата, во воени услови, навремено да располага со неопходните ресурси за одбрана на земјата. За поголемиот дел од примателите, писмата не претставувале изненадување, бидејќи во околу две третини од случаите станува збор за обновени известувања, кои биле издавани и во претходни години.

Според Андерс Јернберг, претставник на воената логистичка организација, значењето на подготвеноста денес е значително поголемо отколку во минатото. Тој оцени дека Норвешка се наоѓа во најсериозната безбедносно-политичка состојба од Втората светска војна наваму и дека општеството мора да биде подготвено за кризи, па дури и за најлошото сценарио. Како што нагласи, земјата спроведува обемно зајакнување на воената и цивилната подготвеност.

— реклама —

Норвешка има клучна улога во рамките на НАТО во надзорот на арктичкиот регион, каде што топењето на мразот отвори нови поморски правци и ја засили конкуренцијата околу природните ресурси. Земјата има и копнена и поморска граница со Русија, која заедно со Кина настојува да го прошири своето присуство на Арктикот, додека Москва, според западни процени, ги обновува старите советски воени бази и го зголемува нуклеарниот арсенал на полуостровот Кола.

— реклама —

Известувањата за реквизиција биле испратени во период на зголемени тензии и поради дипломатските несогласувања меѓу САД и Европа околу Арктикот и Гренланд, што дополнително ја нагласува чувствителноста на безбедносната состојба на северот на Европа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1etnej2j7ue94P4guyQ

Осло ги забрани паметните очила во училиштата: „Не сакаме децата да бидат статисти на Мета“

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-librarynr6qk94q89ka0uYLyME

Прифатена жалбата на синот на норвешката кралица: Случајот за силувањата повторно пред суд

Свет | пред 3 дена

media-librarydjt0guirita47sP2Fq8

Норвешка се прости од кралот Харалд V

Свет | пред 4 дена

media-library3sfjl74ne307f1vtY0f

Новиот крал на Норвешка ја презема круната со тежок товар од семејните контроверзии

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања