Промени тема
Контакт

Норвешка почнува со изградба на првиот бродски тунел во светот, вреден 900 милиони евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library5i4ruv9sol4u4eLfQaZ
screenshot X

Норвешка на почетокот на 2027 година ќе ја започне изградбата на првиот бродски тунел во светот, проект вреден околу 900 милиони евра, кој ќе овозможи пловидба низ полуостровот Стад.

Тунелот, долг 1,7 километри, ќе биде ископан низ карпите на најтесниот дел од полуостровот и ќе ги поврзе фјордовите Молдефјорден и Ванилвсфјорден на западниот брег на Норвешка.

Според проектот, тунелот ќе биде широк 36 метри и висок 50 метри од дното до таванот, со пловен профил висок 33 метри, што ќе овозможи низ него да минуваат и одредени крузери.

— реклама —

За неговата изградба ќе бидат ископани околу три милиони кубни метри карпа, а работите се очекува да траат околу пет години. По завршувањето, користењето на тунелот ќе биде бесплатно, при што предност при минувањето ќе имаат комерцијалните бродови, особено крузерите.

— реклама —

Преминувањето низ тунелот ќе трае околу десет минути, а пловните објекти ќе добиваат термини за минување по принцип сличен на оној што се применува за полетување на авионите.

Иако проценките покажуваат дека трошоците за изградба значително ќе ја надминат економската корист од проектот, норвешкиот парламент сепак даде зелено светло за неговата реализација. Владата двапати се обиде да го запре проектот, во 2025 и 2026 година, но не успеа да обезбеди доволна поддршка.

— реклама —

Кон крајот на јуни беше донесена одлука изведувач на проектот да биде норвешката компанија „АФ Групен“ (AF Gruppen).

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1etnej2j7ue94P4guyQ

Осло ги забрани паметните очила во училиштата: „Не сакаме децата да бидат статисти на Мета“

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-librarynr6qk94q89ka0uYLyME

Прифатена жалбата на синот на норвешката кралица: Случајот за силувањата повторно пред суд

Свет | пред 3 дена

media-librarydjt0guirita47sP2Fq8

Норвешка се прости од кралот Харалд V

Свет | пред 4 дена

media-library3sfjl74ne307f1vtY0f

Новиот крал на Норвешка ја презема круната со тежок товар од семејните контроверзии

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања