Промени тема
Контакт

Норвешкиот фудбалски сојуз бара истрага за наградата што ФИФА му ја додели на Трамп

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Спорт
media-libraryaommr7i8gg9ubxGSHRq

Норвешкиот фудбалски сојуз побара од Етичкиот комитет на ФИФА да ја истражи одлуката за доделување на Наградата за мир на американскиот претседател Доналд Трамп.

— реклама —

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, му ја врачи првата ваква награда на Трамп за време на ждрепката за Светското првенство на 6 декември. ФИФА досега не објасни по кои критериуми американскиот претседател бил избран за прв добитник на признанието.

— реклама —

Неколку месеци подоцна, организацијата за човекови права FairSquare поднесе жалба до Етичкиот комитет на ФИФА, тврдејќи дека Инфантино ја прекршил обврската за политичка неутралност со поддршката на Трамп.

На иницијативата сега се приклучи и Норвешкиот фудбалски сојуз, кој побара Етичкиот комитет да утврди дали претседателот на ФИФА ги прекршил статутите на организацијата во делот на политичката неутралност, доделувањето на наградата и поврзаните активности.

— реклама —

Претседателката на Норвешкиот фудбалски сојуз, Лисе Клавенес, изјави дека сојузот самостојно се обратил до Етичкиот комитет.

— реклама —

„Добивме поддршка од други федерации, но ова писмо го испраќаме самостојно. Заклучивме дека нема корист од притисок врз други организации, бидејќи тоа само би создало дополнителни тензии“, изјави Клавенес.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп: Кој ќе победи во вештачката интелигенција – победува, дата центрите не смеат да заминат во Кина

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

„Политико“: Трамп ја притисна Европа со забрана за извоз на дизел – Г7 на крајот ослободи 100 милиони барели

Свет | пред 4 часа

media-libraryk4nadu57qd766WQsJUI

Трамп: Одлично се согласувам со Ким, кога некој има 112 нуклеарни ракети добро е да сте во добри односи

Свет | пред 4 часа

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп го објави бројот на сенаторот кој се спротивстави на укинувањето на промената на часовникот

Свет | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања