Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Нов бран поскапувања во Европа: Инфлацијата во еврозоната се искачи на четири проценти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 18 минути -

Свет
media-library188kj81r8bvm9BsR3pd
Photo by JEaLiFe Pictures on Unsplash

Растот на цените на енергентите повторно ја забрзува инфлацијата во Европа. Во октомври инфлацијата во еврозоната достигна четири проценти, во споредба со 3,8 проценти во септември, што е највисоко ниво во последните три години, покажуваат податоците на Евростат.

— реклама —

Енергентите имаат најголем придонес во овој раст, со годишно поскапување од 21 процент во октомври, наспроти 18,9 проценти еден месец претходно. Забрзување е забележано и кај услугите, храната, алкохолот и тутунот, како и кај индустриските производи без енергенти.

— реклама —

Базичната инфлација, која не ги опфаќа енергентите, храната, алкохолот и тутунот, изнесувала 2,6 проценти, малку над прелиминарната проценка од 2,5 проценти.

Меѓу најголемите економии во еврозоната, инфлацијата најмногу се забрзала во Италија, од 4,2 на 5,6 проценти. Раст е забележан и во Франција, од 3,4 на 3,7 проценти, и во Холандија, од три на 3,3 проценти. Наспроти тоа, во Германија инфлацијата се намалила од 3,3 на 2,9 проценти, а во Шпанија од пет на 4,9 проценти.

— реклама —

Од земјите опфатени со податоците, најниска инфлација во октомври имала Шведска, од 0,6 проценти, додека во Чешка и Данска изнесувала по 2,1 процент. Највисока стапка е забележана во Романија, седум проценти, по што следуваат Литванија со 6,1 и Бугарија со 5,9 проценти.

— реклама —

Податоците укажуваат дека енергентите повторно се главен двигател на инфлацијата и на растот на трошоците за живот во Европа, иако движењата на цените се разликуваат меѓу земјите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

market-pari

Поскапување на кафето, дрвото какаото...- Европската унија воведува нова регулатива

Актуелно | пред 1 година

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања