Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Нов бран семејно насилство низ државата: повеќе лица приведени поради закани со нож, физички напади и агресија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
policija-2457

Во изминатото деноноќие регистрирани се повеќе случаи на семејно насилство низ државата, при што полицијата лишила од слобода повеќе лица поради физички напади, закани и агресивно однесување во семејните домови.

— реклама —

Во Штип, 38-годишен маж бил приведен откако, и покрај судска забрана да ѝ се доближува на сопругата, отишол пред нејзиниот дом и по расправија физички ја нападнал.

Во Скопје, полицијата привела 55-годишен маж кој му се заканувал на својот син со остар предмет, додека во друг случај 40-годишник агресивно се однесувал во домот, оштетил покуќнина и им упатил закани на своите родители.

— реклама —

Пријавен е и случај во општина Сарај, каде 18-годишник бил физички нападнат од својот брат по расправија. Со напаѓачот бил извршен службен разговор.

— реклама —

Во Охрид, по пријава од сопруга за закани, кај 46-годишен маж полицијата пронашла и одзела пиштол, автоматска пушка и муниција.

Во Дебар, 45-годишен маж бил лишен од слобода поради физички напад врз сопругата, додека во Прилеп жена пријавила дека нејзиниот сопруг ја нападнал со тврд предмет и ѝ нанел повреди.

— реклама —

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите, по што против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 14 часа

— реклама —
media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 15 часа

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 15 часа

media-libraryqmbje9jkqs4cbXeHqrQ

Двајца мажи тешко повредени со остар предмет при обид да разделат тепачка во казино во Тетово

Македонија | пред 15 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања