Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Нов ценовен шок, Мицкоски најавуваше намалување а цените на горивата поскапеа“, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryc30rbhp93cghdx2og3q

СДСМ преку соопштение ја обвини Владата дека не презема мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните, оценувајќи дека најновото поскапување на горивата ќе предизвика дополнителен раст на цените.

— реклама —

Од партијата наведуваат дека, наместо најавеното намалување на цените на горивата, граѓаните се соочуваат со нов ценовен шок. Според СДСМ, по последните две поскапувања, цената на дизелот е повисока за повеќе од 11 денари и достигнала 94 денари за литар.

— реклама —

Во соопштението се оценува дека новото поскапување на горивата ќе влијае врз цените на храната, превозот и услугите, а Владата, според СДСМ, не нуди конкретни мерки за поддршка на работниците, пензионерите, земјоделците и социјално ранливите категории граѓани.

— реклама —

СДСМ посочува дека минималната потрошувачка кошничка повторно се доближува до 70.000 денари, а доколку се пресметаат и трошоците за изнајмување стан, месечните расходи на четиричлено семејство достигнуваат над 83.000 денари.

— реклама —

Од партијата оценуваат дека животниот стандард на граѓаните се влошува и ја обвинуваат Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски дека не успева да се справи со економските предизвици и растот на трошоците за живот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 23 часа

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања