Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Нов јавен повик за субвенции од Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Одржувањето на чисто и уредно Скопје е еден од предусловите за намалување на загадувањето и живот по поздрава животна околина.

Најголемиот проблем во областа на заштитата на животната средина, со кој се соочува Градот Скопје, е нарушениот квалитет на амбиентниот воздух во градот, особено со партикуларните честички (ПМ10 и ПМ2,5). Една од поголемите причини за емисија на овие честички е затоплувањето на објектите кои не се приклучени на централно греење, пред се, заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, несоодветниот квалитет на дрвото и начинот на негово чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки, како и нередовно одржување на оџаците.

Затоа редовниот годишен повик за субвенции за одржување на оџаците на домовите, почнува денеска (22.06.2022 година), вклучувајќи ги реализираните активности за чистење оџаци од 01.01.2022 година заклучно со 30.11.2022 година, односно до искористување на средствата предвидени за оваа намена со Буџетот на Град Скопје за 2022 година.

Субвенциите се однесуваат на жителите на град Скопје (општини Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел и Сарај), а субвенциите се валидни за чистење на оџакот на истата адреса по личната карта или деловен субјект.

— реклама —

Со цел да учествува на јавниот повик потребно е да се исполнат следните услови:

- Да е жител на подрачјето на град Скопје (општините во градот: Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел, Сарај);

- Адресата на реализираното чистење да се совпаѓа со адресата од важечка лична карта на барателот дадена при пополнување на електронската апликација на интернет страницата на Град Скопје ;

- Чистењето на оџакот да е извршено од стручно лице вработено во фирма што е регистрирана со шифра на дејност 81.22 согласно со Националната класификација на дејност;

— реклама —

- Објектот каде што ќе биде чистен оџакот да не е во фаза на градба;

- Да поседува оригинална фискална сметка за извршено чистење на оџакот со датум од 01.01.2022 година се до исцрпувањето на средствата од буџетот наменет за Јавниот повик, но не подоцна од 30.11.2022 година;

- Да поседува оригинална потврда издадена од оџачар за извршено чистење на оџак со датум од 01.01.2022 година се до исцрпувањето на средствата од буџетот наменет за Јавниот повик, но не подоцна од 30.11.2022 година.

За надоместување на дел од трошоците за одржување и докажување дека критериумите за учество се исполнети, барателот е должен да ја поднесе електронски преку интернет страницата на Град Скопје www.skopje.gov.mk или директно на линкот https://www.uslugi.skopje.gov.mk следната документација:

— реклама —

- Пополнување на апликацијата за субвенција со личните податоци ќе биде електронски достапно преку: интернет страницата на Град Скопје: www.skopje.gov.mk или директно на линкот https://www.uslugi.skopje.gov.mk;

- Доказ за лична сметка: со прикачување на скенирана лична трансакциска сметка на име на барателот;

- Прикачена скенирана оригинал фискална сметка за извршено чистење ;

- Прикачена скенирана оригинал потврда од оџачар за извршено чистење на оџакот.

— реклама —

За учество на јавниот повик, лицата кои веќе се имаат регистрирано на https://www.uslugi.skopje.gov.mk , немаат потреба да креираат нов профил и преку постоечкиот можат веднаш да го поднесат нивното барање .

Максималниот износ на субвенцијата изнесува 1200 денари, а персоналниот данок на доход е на товар на Град Скопје.

Повеќе информации за јавниот повик на македонски јазик на линкот –

www.skopje.gov.mk/media/8811/јавен-повик-оџаци-2022-мк-juni-2022-медиуми.pdf

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

semafor

Во недела целосно затворање на сообраќајот на крстосницата „Скупи“ – „Љубљанска“ поради поставување нови семафори

Скопје | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryov0odf8fl3qs9AGq5Qa

(Видео) Се запали автомобил во Скопје, нема повредени

Скопје | пред 6 дена

media-libraryakr8f893i28m4pEbYv1

Скопје ќе добие свој „Лувр“ на кејот на Вардар: Сидрото од бродот „Скопје“ ќе биде заштитено со стаклена конструкција

Скопје | пред 6 дена

media-libraryevja69ev8718etrIBWO

(Фото) Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блеска, гордоста на Скопје во нов сјај

Скопје | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања