„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Нов марш во Кочани: „Видете ми ги рацете, со нив работев за моето дете да стане човек, вие ми го одзедовте тоа право“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
IMG_5515

И оваа сабота, улиците на Кочани беа местото каде семејствата на трагично загинатите и повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ маршираа во тишина, со фотографии од своите најмили и солзи во очите. Единаесетти пат по ред, маршот е силна порака до институциите – дека правдата сè уште не е задоволена и дека вистинските виновници мора да одговараат.

— реклама —

Учесниците повторно ги повикаа судиите да судат праведно и без одложување, а одговорните институции – конечно да дадат одговори на прашањата што веќе осум месеци стојат отворени.

Како и секоја сабота, маршот започна точно во 18:05 часот од Паркот на револуцијата, продолжи низ трговскиот центар, пред зградата на Општина Кочани, а заврши пред Полициската станица, Основниот суд и Обвинителството – симболично, пред институциите за кои семејствата веруваат дека сè уште молчат.

— реклама —

И оваа сабота беа повторени сомнежите за сериозни пропусти во истрагата – од полициската интервенција вечерта на пожарот, преку недостатокот на кислород и материјали во болницата, па сè до, како што велат семејствата, одговорноста на локалните власти и инспекциските служби кои дозволиле дискотеката да работи иако немала лиценца.

„Тоа нема да ни ги врати децата, но ако дискотеката беше затворена затоа што немала дозвола, тие ќе беа живи“, рече една од мајките. Другата, со кршлив глас, додаде: „Јас немам веќе дете. Едно имав – и тоа ми го зедоа“.

Мајката на загинатиот диџеј од дискотеката, потресена, им се обрати на институциите:

„Гледајте ги овие раце – со нив цел живот работев за моето дете да стане човек во оваа држава. А вие ми го одземавте тоа право.“

Маршот „За ангелите“ стана повеќе од само протест – тој е симбол на упорноста, болката и силната волја на граѓаните да не дозволат трагедијата да биде затрупана под институционална рамнодушност. И секоја сабота потсетува дека општеството има обврска да ги слушне.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања