Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Нов напад на ајкула во Австралија: Тешко повреден маж, плажата затворена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
ajkula-jadransko-more
Фото: Илустрација

Маж на возраст од околу 50 години е тешко повреден во напад на ајкула на плажата Гленфилд, северно од Џералдтон, во Западна Австралија. По нападот, тој итно бил пренесен во болница, каде што е во тешка, но стабилна состојба.

— реклама —

Инцидентот се случил утрово околу 9:45 часот по локално време, додека мажот сурфал. Според властите, ајкулата го нападнала и го каснала во близина на плажата.

— реклама —

Од местото на настанот била отстранета тешко оштетената даска за сурфање, која ќе биде испитана за да се утврди за кој вид ајкула станува збор.

— реклама —

Плажата е затворена, а жителите се повикани да го избегнуваат подрачјето. Пратеничката од Џералдтон и помошничка на министерот за рибарство, Кирили Вар, побарала од надлежните и од Владата дополнителни информации за инцидентот.

— реклама —

Во Западна Австралија годинава се регистрирани и два смртни напади од ајкули. Во мај, 38-годишниот Стивен Матабони од Перт загинал за време на подводен риболов кај островот Ротнест. На почетокот на јуни, 35-годишниот нуркач Даниел Турпин бил усмртен од ајкула долга 4,5 метри во близина на островот Мајклмас, кај брегот на Олбани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryclm4cujh0svvdxxcqU9

Отрула тројца членови на семејството на поранешниот сопруг со отровни печурки – Австралијка осудена на доживотен затвор

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
media-library4iqoeve67knv76F1jQT

Хакери ѝ го украле профилот, а нејзиниот лик го користеле за продажба на лажни порнографски видеа создадени со вештачка интелигенција

Свет | пред 2 седмици

media-libraryn2h6hl5vd246amFxnSN

Ја удрил со автомобил двапати: Австралиска пратеничка остана без двете нозе

Свет | пред 3 седмици

media-library7i13m9v6g2bae3eZXAP

Ајкула му ја откинала ногата, а додека се борел за живот му изгледало како да му намигнува - сурфер преживеал хорор во Австралија

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања