Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Нов преседан: Иран и Оман ќе наплатуваат транзит низ Ормутскиот теснец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryj371grr08a3h3JuYkUR

Иран и Оман планираат да воведат транзитни такси за бродовите што ќе поминуваат низ Ормутскиот теснец за време на двонеделното примирје, објави иранската агенција Тасним.

— реклама —

Според наводите, средствата собрани од наплатата ќе бидат наменети за обнова по штетите од конфликтот, додека засега нема официјален коментар од омaнското Министерство за надворешни работи.

— реклама —

Ормутскиот теснец, кој се смета за една од најважните светски поморски рути за транспорт на нафта, е речиси затворен од почетокот на конфликтот, а според податоците за следење на бродскиот сообраќај, низ него моментално поминуваат околу 5 проценти од вообичаениот обем.

И покрај тоа, дел од земјите, меѓу кои Пакистан и Индија, веќе преговарале со Иран за обезбедување премин за своите бродови.

— реклама —

Според извештаите, Техеран претходно наплаќал и до 2 милиони долари по брод, иако не е познато дали тие суми биле навистина исплатени.

— реклама —

Воведувањето на вакви такси претставува преседан, со оглед дека теснецот традиционално се третира како меѓународен пловен пат низ кој досега не се наплатувал транзит.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfbqe45p5aglecWxDifv

Иран го укина ограничувањето на дострелот на балистичките ракети од 2.000 километри

Свет | пред 51 минута

— реклама —
media-libraryalkkhtimieqt3TijVuP

(Видео) Иран објави снимка од подземни поморски тунели со ракетни системи и воени чамци

Свет | пред 4 часа

media-librarylbc8fiscfaqlcMv63FH

Иран најавува ново оружје и подземни ракетни градови: „Нема да можете да нè запрете“

Свет | пред 6 часа

media-library8ud7rds13skn3MIu41z

Две ракети погодиле стратешки важен ирански остров во Ормускиот Теснец

Свет | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања