Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

Нов силен земјотрес го погоди Авганистан, спасувачките акции се уште траат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
avganistan-zemjotres

Авганистан синоќа повторно беше погоден од силен земјотрес, само неколку дена по разорниот потрес на истокот на земјата. Според Американскиот геолошки завод (USGS), земјотресот имал магнитуда од 5,2 и се случил во источната провинција Кунар, на длабочина од 10 километри.

— реклама —

Тресењето на тлото беше почувствувано и во главниот град Кабул, изјавил еден жител за германската агенција DPA. Засега нема информации за жртви или материјална штета.

— реклама —

Источниот дел на Авганистан во последните денови е повеќекратно погоден од силни земјотреси. Во неделата непосредно пред полноќ беше регистриран првиот потрес со магнитуда од 6 степени, по што следеа бројни афтершокови и уште еден силен земјотрес во четвртокот навечер. Според податоците на властите и на Авганистанскиот Црвен полумесечина, досега има околу 2.200 загинати и над 3.600 повредени.

— реклама —

Спасувачките акции продолжуваат, но во многу погодени региони пристапот е речиси невозможен, што ја отежнува итната помош и закрепнувањето на населението. Организацијата Human Rights Watch посочи дека строгите ограничувања за жените наметнати од талибанците дополнително ја комплицираат ситуацијата.

„Талибанците треба да обезбедат жените да бидат вклучени во сите активности за помош“, се наведува во нивното соопштение на платформата X.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

rudnik

Се урна рудник за злато во Авганистан, загинаа најмалку пет рудари

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryncn00gc4vgira8gRohn

Силен земјотрес го погоди Авганистан, потресот почувствуван и во Пакистан и Индија

Свет | пред 4 месеци

media-libraryh07p5thnofnr93ARHsW

Во Авганистан родители продаваат деца за да преживеат: „Немаме ни леб“

Свет | пред 5 месеци

media-librarymfqvrrgn84715wlA0p4

Ескалираат тензиите меѓу Пакистан и Авганистан

Свет | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања