Промени тема
Контакт

Нов хаос во Венецуела: Киднапиран лидерот на опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-librarynca45dqdtpkac3lL3hn

Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Пабло Гванипа, поранешен пратеник во Националното собрание на Венецуела, е киднапиран во Каракас околу полноќ по локално време, само неколку часа откако бил пуштен од затвор, соопшти опозициската лидерка Марија Корина Мачадо.

„Хуан Пабло Гванипа е киднапиран пред само неколку минути во квартот Лос Чорос во Каракас. Тешко вооружени лица, во цивилна облека, пристигнале со четири возила и со сила го одвеле. Бараме негово итно ослободување“, напиша Мачадо на социјалната мрежа Икс рано утрово.

— реклама —

Рамон Гванипа, син на киднапираниот опозиционер, потврди дека неговиот татко е киднапиран и наведе дека го однеле десет неидентификувани лица. Партијата на Гванипа „Примеро Хустиција“ ја осуди киднапирањето на својот лидер, како што тврди, „од страна на репресивните сили на диктатурата“, пренесува БФМ.

— реклама —

Неколку часа претходно, Гванипа (61) бил пуштен од затвор, во пресрет на најавеното гласање за историски закон за амнестија во Венецуела.

— реклама —

Тој синоќа соопшти дека е ослободен по повеќе од осум месеци поминати во затвор.

„Денеска сме пуштени на слобода. Има многу што да се разговара за сегашноста и иднината на Венецуела, секогаш со вистината во прв план“, изјави Гванипа синоќа во видеоснимка објавена на социјалната мрежа Икс, пренесе Ројтерс.

— реклама —

Гванипа беше уапсен кон крајот на мај минатата година, а министерот за внатрешни работи Диосдадо Кабељо го обвини за учество во наводна „терористичка група“ која планирала бојкот на законодавните избори тој месец, потсетува агенцијата.

Ослободувањето на Хуан Пабло Гванипа се случи во време на зголемен притисок врз владата на вршителката на должноста претседател Делси Родригез да ги ослободи сите лица чии притворања пред неколку месеци или години нивните семејства и невладини организации ги поврзуваа со нивните политички убедувања. Родригез положи заклетва како вршител на должноста претседател на Венецуела откако американската војска на почетокот на јануари го зароби и одведе тогашниот претседател Николас Мадуро.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya37b0qa1itv0ayzymQ5

Расте бројот на жртвите во Венецуела: Потврдени 6.509 загинати

Свет | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryaj094p453jfhfUnbeir

Венецуела бара од Британија враќање на 31 тон злато вредно 4 милијарди долари

Свет | пред 1 месец

media-librarya37b0qa1itv0ayzymQ5

Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 6.301

Свет | пред 1 месец

media-libraryt8lqh37rnlsn1c1jf3L

Бројот на жртви од разорните земјотреси во Венецуела се искачи на 6.125

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања