Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Нова бура во Португалија: Врнежите можат да предизвикаат поплави

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-library6in59jkg5f4ofLaHqX5

Португалија се подготвува за нова бура Леонардо која, како што предупредуваат властите, би можела да предизвика поплави и дополнителни штети, додека земјата се обидува да се опорави од бурата Кристин.

Португалскиот институт за море и атмосфера (IPMA) соопшти синоќа дека се очекува новата бура, наречена Леонардо, да почне да го погодува копнениот дел на Португалија од денес попладне па сè до сабота, пренесува Ројтерс.

— реклама —
— реклама —

Полуостровот во последните неколку месеци беше погоден од серија бури со обилни врнежи, громови, снег и силни ветрови, при што јужна Шпанија забележува, највлажна зима во последните 40 години.

IPMA наведе дека бурата Леонардо би можела да донесе постојани, а повремено и силни врнежи, со удари на ветер до 75 километри на час долж крајбрежјето јужно од Кабо Мондега во централниот дел на земјата и до 95 километри на час во планинските предели.

— реклама —

Сепак, ударите на ветерот треба да бидат помалку интензивни од оние кои надминуваа 200 километри на час за време на бурата Кристин, која го погоди централниот копнен дел на Португалија минатиот четврток, усмрти најмалку шест лица и остави разурнати домови, фабрики и клучна инфраструктура.

Данијела Фрага, заменик-командант на Националната управа за вонредни ситуации и цивилна заштита (ANEPC), изјави синоќа за новинарите дека обилните врнежи во следните денови би можеле да предизвикаат поплави и излевање на водите, пред сè во региони кои веќе беа погодени од бурата Кристин.

Според податоците на дистрибутерот на електрична енергија E-Redes, скоро 134.000 домаќинства сè уште немаат струја, од кои околу 95.000 во регионот Леирија во централниот дел на земјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryru33gus5snuq208c5cg

Бразилка пронајдена мртва во превртен автомобил во Португалија, возачот избегал

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarytu1bjrhf9l685VCfHVC

Португалија забрани покривање на лицето на јавни места: Казните достигнуваат до 3.000 евра

Свет | пред 2 месеци

media-libraryojuo9eshcdoofwMS2ca

19-годишен велосипедист загина во тешка несреќа за време на трката во Португалија

Свет | пред 2 месеци

media-librarypffsujuo64vi54qnO41

Во оваа европска земја ни 400.000 евра не се доволни за стан

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања