Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Нова функција: Коментарите на Инстаграм може да се менуваат – само 15 минути

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Магазин
insta

Инстаграм конечно воведе можност за уредување на коментари, но корисниците ќе имаат само 15 минути по објавувањето за да направат измени, соопшти компанијата Мета.

— реклама —

Новата функција функционира слично како уредувањето на пораки, која беше воведена во 2024 година, повеќе од една деценија откако директните пораки првпат се појавија на платформата.

— реклама —

Корисниците можат да ги уредуваат исклучиво сопствените коментари, а постапката е едноставна – со кликнување на опцијата „Edit“ под коментарот се отвора поле за измена, по што промените се зачувуваат со потврда.

— реклама —

Од Мета посочуваат дека во рамки на дозволениот период, коментарите може да се менуваат неограничен број пати, што им овозможува на корисниците да ги коригираат или дополнуваат своите објави.

— реклама —

Оваа новина доаѓа како дел од серијата промени што компанијата ги воведе во последниот период. Претходно беше најавено укинување на енкрипцијата „крај до крај“ за пораките, како и тестирање на нова претплатничка услуга „Инстаграм Плус“, која нуди дополнителни опции за содржините во формат на приказни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarychtg0i9tqrrf3f1LLjR

По Фејсбук падна и Инстаграм: корисниците не можат да пристапат до платформите

Магазин | пред 2 седмици

insta

Инстаграм воведе функција што корисниците ја бараа со години

Магазин | пред 1 месец

media-librarympplfmfsaaa53LuyA5o

Освен Фејсбук, не работи ни Инстаграм – Хаос на платформите на Мета

Свет | пред 1 месец

insta

Претплата на Инстаграм: што добивате за вашите пари?

Магазин | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања