Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Нова пречка за отворање на Ормускиот Теснец: Трамп бара Иран да плати обештетување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryagnb1p2qks9i2dahmpI

Преговорите за повторно отворање на Ормускиот Теснец повторно се најдоа во ќор-сокак, откако американскиот претседател Доналд Трамп побара Иран да плати обештетување за жртвите од конфликтите за кои Вашингтон го обвинува Техеран.

— реклама —

Трамп преку „Truth Social“ порача дека барањето за компензација ќе биде дел од сите идни преговори. Тој побара обештетување и за семејствата на демонстрантите за кои тврди дека биле убиени од иранските власти, како и за жртвите од нападот врз воениот брод „УСС Кол“ во 2000 година.

— реклама —

Од друга страна, Иран условува повторно отворање на стратешкиот поморски премин со прекин на американските воени закани, укинување на санкциите и обештетување за штетата предизвикана од американско-израелските напади.

— реклама —

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, изјави дека Техеран е блиску до финален договор со Оман за воспоставување нови поморски коридори, но дека сè уште нема договор за условите за отворање на Ормускиот Теснец.

Теснецот е од исклучително значење за глобалната економија, бидејќи пред кризата низ него минувала околу една петтина од светската нафта и течен природен гас. Блокадата веќе предизвика раст на цените на енергенсите, со зголемување на цената на нафтата за повеќе од четири отсто и на европскиот гас за над десет проценти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydkqt4vft97l19PBbnyQ

Меланија Трамп договорила прекин на огнот меѓу Русија и Украина – Белата куќа ги објави деталите

Свет | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryagnb1p2qks9i2dahmpI

Трамп: „Мислам дека имам право повторно да се кандидирам, бидејќи ме измамија“

Свет | пред 5 часа

Screenshot-2025-01-13-at-17.34.00

Трамп тврди дека Маск ги укинал ограничувањата, украинските дронови и натаму губат врска

Свет | пред 8 часа

media-libraryteu6j0ffbemj5i0APju

(Видео) Трамп почнал да испушта чудни звуци среде говор: „еех“, „пиу, пиу“ и „бум“

Свет | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања