Промени тема
Контакт

Нова причина за загриженост во „Фолксваген“: И овој сектор губи позиции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryctsjs6f4tcf01VcvX0B
Photo by Erik Mclean on Unsplash

Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ планира да го намали бројот на работни места во менаџментот за 25 отсто како дел од новата програма за намалување на трошоците, изјави извршниот директор Оливер Блуме.

— реклама —

Намалувањата главно ќе ги опфатат администрацијата, развојот и продажбата, односно работните места кои не се директно поврзани со производството на автомобили.

— реклама —

Блуме порача дека сите делови од компанијата мора да придонесат во намалувањето на трошоците. Тој на вработените во главната фабрика во Волфсбург им кажал дека околу половина од дополнителното намалување на бројот на работни места ќе мора да се спроведе во Германија.

— реклама —

Синдикатите предупредуваат дека „Фолксваген“ би можел да укине до 140.000 работни места, вклучително и веќе договорените намалувања.

Блуме оценува дека мерките се неопходни бидејќи фиксните трошоци на компанијата се околу 30 отсто повисоки од оние на конкурентите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryctsjs6f4tcf01VcvX0B

Фолксваген ги раскина речиси сите колективни договори, се зголемува ризикот од штрајкови

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryctsjs6f4tcf01VcvX0B

Синдикатите предупредуваат: „Фолксваген“ би можел да укине до 140.000 работни места

Свет | пред 1 месец

media-librarymha8ng7512b17UqyTnh

Фолксваген пред најголемото преструктурирање во историјата: Во план 100.000 откази

Трендови | пред 2 месеци

media-librarymha8ng7512b17UqyTnh

Голема промена во „Фолксваген“: Половина од моделите ќе исчезнат од понудата

Технологија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања