Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

Нова разузнавачка единица на Европската комисија, ќе биде предводена од Урсула фон дер Лајен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
ursula-1

Европската комисија работи на формирање нова разузнавачка структура, со која лично ќе раководи претседателката Урсула фон дер Лајен, објави „Фајненшл тајмс“. Иницијативата има за цел да ја подобри размената и користењето на податоците што ги собираат националните разузнавачки служби на земјите-членки на Унијата.

— реклама —

Новата единица, која ќе биде сместена во рамките на Генералниот секретаријат на Комисијата, треба да обедини експерти и персонал од различни европски безбедносни институции, за да обезбеди подобра координација и заеднички пристап во анализата на чувствителни информации, велат извори запознаени со проектот.

„Европските шпионски служби располагаат со огромно знаење, исто како и Европската комисија. Но сега е време тоа да се поврзе и организира поефикасно“, изјави еден од соговорниците на весникот, додавајќи дека разузнавањето „се темели на размена – мора да дадеш за да добиеш“.

— реклама —

Идејата, сепак, предизвика отпор во рамките на Европската служба за надворешно дејствување, која веќе располага со сопствен разузнавачки центар – Intcen. Некои функционери стравуваат дека новата структура може да ја потисне или дуплира улогата на постојната единица.

— реклама —

Портпаролот на Комисијата потврди дека се разгледува модел за зајакнување на безбедносните и разузнавачките капацитети на ЕУ, нагласувајќи дека процесот е во почетна фаза и дека засега нема утврден временски рок. Новата единица, според него, ќе се потпира на досегашното искуство на Комисијата и ќе соработува со дипломатската служба на Унијата.

Споделувањето доверливи информации останува чувствителна тема во ЕУ. Земји како Франција, кои имаат развиени разузнавачки системи, со резерви ги делат податоците со помалите партнери, а политичките насоки на поединечни влади – особено оние наклонети кон Москва, како во Унгарија – дополнително ја усложнуваат соработката.

Некои членки веќе изразиле загриженост дека плановите на Комисијата може да доведат до преклопување на надлежностите и создавање паралелни структури во Брисел. Сепак, повеќе европски претставници признаваат дека моменталниот систем има ограничувања, особено во однос на хибридните закани што доаѓаат од Русија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

fon-der-lajen

Урсула фон дер Лајен утре во Скопје: Што носи претседателката на ЕК?

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
mkd-429029

Урсула фон дер Лајен тргнува на балканска турнеја: Ќе ги посети Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје

Свет | пред 3 седмици

ursula

Македонија не е меѓу четирите земји со нови патокази за членство во ЕУ

Македонија | пред 3 седмици

mkd-429029

Фон дер Лајен од 30 септември до 2 октомври на турнеја низ Западен Балкан, ќе дојде и во Скопје

Балкан | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања