Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Урсула фон дер Лајен по средбата со Мицкоски: Уставните промени се последниот чекор, топката за во ЕУ е кај вас

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
media-libraryke7eun0gtjmablNi9xv

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по средбата со премиерот Христијан Мицкоски во Брисел, порача дека Европската унија целосно ја поддржува Македонија на нејзиниот пат кон членство, но и дека последниот предуслов за отворање на преговорите е усвојувањето на уставните измени.

— реклама —

„Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот европски пат. Можете да сметате на нас. Следниот и единствен чекор пред отворањето на преговорите е јасен – треба да ја направите договорената уставна промена. Топката е кај вас. ЕУ е подготвена“, напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа Х по средбата.

— реклама —
— реклама —

Претседателката на Европската комисија истакна дека, додека се чека на политичкиот исчекор од Скопје, Унијата веќе ги приближува граѓаните на Македонија кон европскиот пазар и технологии.

— реклама —

„Во меѓувреме, го приближуваме вашиот народ кон нас. Тоа е суштината на Планот за раст! Отвораме AI Factory антена во Скопје, ја вклучуваме земјата во Европската зона за единствени плаќања, и исплаќаме **16 милиони евра благодарение на спроведените реформи“, напиша фон дер Лајен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5hsg7aailvrv77xjNWa

Мицкоски: Во Европа енергенсите се многу поскапи, правиме сè за граѓаните да плаќаат најевтино

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-library31b5tu89ga0kfshDqlp

Мицкоски: Денес им се распрснаа плитките лаги на СДСМ, ќе сторам се да се најде решение за купувачите и граѓаните да не бидат оштетени

Македонија | пред 17 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски: Владата на СДСМ во 2023 година носела одлука поврзана со Алта банка и Давор Мацура

Македонија | пред 17 часа

media-librarychnerospkash5j7nNgr

Мицкоски: Нема предвремени избори, следните две години треба да обезбедиме пет милијарди евра

Македонија | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања