Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Новата криза на Блискиот Исток ја турна цената на нафтата кон 91 долар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
SeKXr-

Цените на нафтата денеска нагло пораснаа на меѓународните пазари, при што цената на барелот на лондонскиот пазар се приближи до 91 долар. Причина за растот се новата ескалација на Блискиот Исток и значителниот пад на резервите на сурова нафта во САД.

— реклама —

На лондонскиот пазар цената на барелот достигна 90,66 долари, што е за 6,57 долари повеќе од претходниот ден, додека на американскиот пазар барелот се тргуваше за 85,24 долари, со раст од 5,98 долари.

Пазарите реагираа на новите судири во регионот, откако американските и саудиските сили извршија напади врз цели во Ирак. Од американската Централна команда (CENTCOM) соопштија дека цел на нападите биле групи кои, според нив, извршиле напади врз американски сили и врз саудиска енергетска инфраструктура.

— реклама —

Во меѓувреме, Иран соопшти дека нема поврзаност со ракетните напади врз цели во Саудиска Арабија, но Иранската револуционерна гарда објави дека извршила напад врз американска воена база во Јордан.

— реклама —

Дополнителна загриженост предизвикаа и изјавите на ирански воени претставници дека бродовите не треба да минуваат низ Ормускиот Теснец без дозвола од Техеран. Иранската револуционерна гарда соопшти и дека запрела три нафтени танкери во Ормускиот Теснец, тврдејќи дека пловеле по „небезбедна и незаконска рута“.

Растот на цените беше поттикнат и од најновите податоци на американското Министерство за енергетика, според кои комерцијалните резерви на сурова нафта во САД минатата недела се намалиле за 7,3 милиони барели.

— реклама —

Во исто време, стратешките резерви на САД се намалиле за дополнителни 3,8 милиони барели и паднале на 307,7 милиони барели, што е најниско ниво од првата половина на 1980-тите години.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

nafta

Нафтата со најголем неделен пад од 2020 година, „брент“ се спушти под 91 долар

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-library5gnfl5n1c3gm8Xbol2C

Цените на нафтата се намалија по стравувањата од ескалација на Блискиот Исток

Свет | пред 1 седмица

evra

Скапата нафта и храната ја најавуваат 2027 како уште една година на високи трошоци за живот

Свет | пред 2 седмици

nafta-mazut

Нафтата поевтини: „Брент“ падна под 115 долари за барел

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања