Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Нови цени на горивата: Дизелот намален за 2,5 денари, бензините за 1,5

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library0av8mg16bvh6dVzxC7V
Скопје1.мк

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,73 проценти, во однос на претходната одлука од 6 април.

Според новата пресметка, од ноќеска на полноќ, односно од 00:01 часот, ќе важат нови пониски цени на горивата. Еуросупер БС-95 ќе се продава по 82 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе чини 84 денари за литар. Цената на Еуродизелот ќе изнесува 95,5 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по 96,5 денари за литар. Цената на мазутот е утврдена на 49,227 денари за килограм.

— реклама —

Со новата одлука, бензините поевтинуваат за 1,5 денар по литар, дизелот за 2,5 денари, екстра лесното масло за 3,5 денари, додека мазутот се намалува за 2,084 денари по килограм.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на светските пазари бележат пад кај сите деривати, при што најголемо намалување има кај мазутот. Дополнително, курсот на денарот во однос на доларот бележи благо намалување, што исто така влијае врз конечната пресметка.

— реклама —

Регулаторот нагласува дека станува збор за максимално дозволени цени, а трговците имаат можност да ги формираат и пониско.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarybmbrgbol5fhl9jDEkdy

Ристов: Загубите на вода ќе се намалат само со инвестиции и дигитализација

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-librarym4c83rpodqf60ZHuLLp

Од полноќ бензините поевтинуваат за два денари, дизелот поскапува за денар и пол

Македонија | пред 4 дена

235995063_373230004432051_1972069012189169322_n

Дизелот поевтинува за 6,5 денари по литар, а бензините поскапуваат за 0,50 денари по литар

Македонија | пред 1 седмица

media-librarym4c83rpodqf60ZHuLLp

Нови цени на горивата: поскапуваат бензините, дизелот без промена

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања