Промени тема
Контакт
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2

Нови цени на горивата: Дизелот поскап за 2,5 денари по литар, бензинот за денар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-librarym4c83rpodqf60ZHuLLp

Од ноќеска на сила стапуваат новите цени на горивата, согласно најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 1,47 проценти.

Најголема промена има кај дизелот, чија цена ќе биде повисока за 2,5 денари по литар. Цената на бензините се зголемува за 1 денар по литар, додека екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 2 денари. За разлика од останатите деривати, мазутот ќе се продава по пониска цена, односно ќе поевтини за 0,265 денари по килограм.

— реклама —
— реклама —

Од Регулаторната комисија посочуваат дека новата корекција е направена врз основа на движењата на референтните цени на светските пазари. Во последниот пресметковен период цената на бензините е зголемена за 2,576 проценти, дизелот за 5,201 процент, а екстра лесното масло за 4,681 процент, додека мазутот бележи намалување од 0,967 проценти.

— реклама —

Во формирањето на новите цени е земена предвид и промената на девизниот курс, при што американскиот долар во однос на денарот во анализираниот период забележал раст од 1,5132 проценти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

IMG_8162

Од 1 август поскапува парното во Скопје, сметките повисоки во просек за 140 денари

Македонија | пред 9 часа

benzinska-benzin-nafta-

Горивата поскапуваат од полноќ: Дизелот поскап за 4,5 денари, бензините за 3 денари

Македонија | пред 11 час

235995063_373230004432051_1972069012189169322_n

Од полноќ поскапуваат горивата: Дизелот поскапува за 5,5 денари, бензините за 1,5 денар

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryvvodr8n2odu8fJzF2xF

Горивата драстично поевтинуваат: Дизелот понизок за 7 денари, бензините до 4 денари

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања