Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Нови цени на горивата - поскапува бензинот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_0085

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,49% во однос на одлуката од 22.1.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,029%, кај дизелот за 3,417%, кај екстра лесното масло за 2,626% и кај мазутот зголемувањето е за 2,167%.

— реклама —

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,061%

Од 16.2.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 83,00 (денари/литар)

— реклама —

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 83,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 79,50 (денари/литар)

— реклама —

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 76,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 40,732 (денари/килограм)

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 16.2.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

nafta

Нов економски притисок врз Европа: Растат цените на енергијата, компаниите го губат оптимизмот

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
236816881_327299032472860_31726440552678132_n

Горивата може повторно да поевтинат, Мицкоски уверува дека има доволно залихи до Нова година

Македонија | пред 3 седмици

media-library37kdmf2j0l4ieKAof6T

Горивата и гасот во ЕУ со речиси рекордни цени, се разгледува данок за енергетските компании

Свет | пред 1 месец

media-libraryc33e08pom3lg5P5XArC

Владата денеска ќе го намалува ДДВ за горивата – Мицкоски очекува поевтин дизел

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања