Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Нови цени на нафтените деривати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarym4c83rpodqf60ZHuLLp

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,46% во однос на одлуката од 12.1.2026 година.

„Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,109%, кај дизелот за 5,194%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 4,462% и кај мазутот зголемувањето е за 3,846%.

— реклама —

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,2303%.

— реклама —

Од 21.1.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

— реклама —

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 72,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 74,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 32,987 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,854 ден/кг и сега ќе изнесува 32,987 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 21.1.2025 година.

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, информираат од РКЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

voda-2

Загубите на вода во Македонија над 63 проценти

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-librarym4c83rpodqf60ZHuLLp

Ново поскапување на горивата: Бензините и дизелот од полноќ поскапи до 2,5 денари

Македонија | пред 5 дена

sajber1

Нови правила за сајбер безбедност во енергетскиот сектор

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryvvodr8n2odu8fJzF2xF

Потрошувачката на бензини пораснала за над 8 проценти, дизелот и натаму најкористено гориво во земјава

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања