Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Нови детали за несреќата во Кисела Вода со затрупаните работници: Лекар побарал итна асистенција за извлекување на работниците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
media-libraryelaevd8e0mdh20hQHT9
Netpress

Центарот за управување со кризи објави детали за трагедијата што утринава се случи во скопската населба Кисела Вода, каде тројца градежни работници беа затрупани при ископ на темели на градилиште на улицата „Козјак“.

— реклама —

Според ЦУК, првиот повик за несреќата бил примен во 08:14 часот, кога било пријавено дека работници се затрупани со земја и била побарана Итна медицинска помош.

— реклама —

Само четири минути подоцна, во 08:18 часот, следел втор повик од доктор Драган Панов од Итната медицинска помош Скопје, кој побарал асистенција од Бригадата за противпожарна заштита за извлекување на затрупаните лица.

Веднаш биле известени сите надлежни служби – Бригадата за противпожарна заштита Скопје, полицијата, Итната медицинска помош и Регионалниот центар за управување со кризи Скопје.

— реклама —

Претходно, Министерството за внатрешни работи информираше дека настанот бил пријавен во 08:17 часот, по што започнала спасувачката акција. Двајца од работниците се извлечени и пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, додека третиот сè уште е под урнатата земја.

— реклама —

Акцијата за спасување продолжува, а институциите работат на расчистување на случајот и утврдување на причините за несреќата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryuejkus7f7odsdN2DEB5

ЦУК со апел: Бројот 112 користете го само за итни случаи

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryg9g003g5e052cDjp05t

Дождот и маглата ги заробиле на Пирибег: ЦУК координирал акција за спасување на двајца странски планинари

Македонија | пред 1 месец

media-library79udkma0epe17GL70Xf

Осум пожари и натаму активни низ земјава, ЦУК регистрирал вкупно 21 пожар

Македонија | пред 1 месец

media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

Пожар кај Јаболчиште, гори букова и дабова шума

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања