Промени тема
Контакт

Нови игралишта во Центар: модерна опрема и засилени патроли против вандализам

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
media-libraryas63jlskaus31Vlfn0c

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави интензивна пролетна реконструкција на детските и спортските игралишта, при што во фокус се „Дрвен“ во Дебар Маало, игралиштето кај КАМ маркет и локацијата „Зебра“.

Во гостување на Македонска радио-телевизија, Герасимовски информираше дека игралиштето „Дрвен“ е во завршна фаза на целосна обнова, со нова подлога, урбана опрема и детски реквизити, како и поставување на препознатливата црвена канделабра и модерни клупи.

— реклама —

Паралелно, во тек е реконструкција и на игралиштата кај КАМ маркет и „Зебра“, каде, според најавите, сите оштетени реквизити ќе бидат заменети во текот на месецот.

Градоначалникот упати апел до граѓаните за поголема грижа кон јавниот простор, посочувајќи дека вандализмот останува сериозен проблем. Во таа насока, нагласи дека соработката со Министерство за внатрешни работи е засилена, со заеднички патроли и теренски активности, особено во вечерните часови и на локации каде се собираат млади.

— реклама —

Според него, има одредено подобрување во однос на нарушувањето на јавниот ред, но проблемот сè уште не е целосно надминат. Затоа, најави продолжување на програмите за подигнување на јавната свест и заеднички активности со институциите.

— реклама —

Герасимовски посочи и дека иницијативите на Општина Центар за системско справување со вандализмот сè уште се заглавени во институционални процедури, но најави дека општината ќе продолжи со нови решенија, и во делот на урбанизмот и во унапредувањето на законската регулатива.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryojfrto39nku575WaSM1

Се гради нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин“: Децата привремено префрлени во „Бели Мугри“

Скопје | пред 3 седмици

— реклама —
gerasimovski-izjava

Герасимовски и ВМРО-ДПМНЕ почнаа со нова кавга: Нема исплата од 6,6 милиони денари за мобилната апликација

Скопје | пред 4 седмици

media-libraryhkt32r5h32fcdykpXOB

Герасимовски: Инфо-штандови и здравствени проверки за поддршка на граѓаните во услови на топлотен бран

Скопје | пред 1 месец

media-libraryr5rdqa2726hc5yzB51l

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања