Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Нови изборни правила во Италија: Со 42 отсто гласови до големо парламентарно мнозинство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library6s0fkhviuu290UshyTt

Италијанскиот Сенат ја усвои изборната реформа предложена од владата на премиерката Џорџа Мелони, со која победничката коалиција би можела да обезбеди големо парламентарно мнозинство и со помалку од половина од освоените гласови.

— реклама —

За реформата гласаа 113 сенатори, додека 71 беа против. За да стапи во сила, законот треба да биде одобрен и од Претставничкиот дом, каде што гласањето се очекува на 28 септември.

— реклама —

Според предлогот, коалицијата која на изборите ќе освои најмалку 42 отсто од гласовите би добила дополнителни 70 пратенички места во Претставничкиот дом и 35 во Сенатот. На тој начин победничката коалиција би можела да обезбеди стабилно мнозинство и без да освои повеќе од 50 отсто од гласовите.

Мелони смета дека ваквиот изборен систем би донел поголема стабилност на италијанските влади и би ги намалил долгите преговори за формирање владејачки коалиции по изборите.

— реклама —

Опозицијата, пак, ја обвинува владата дека изборните правила се менуваат пред парламентарните избори во 2027 година со цел Мелони и нејзината десничарска коалиција да ги зголемат шансите за останување на власт. За време на расправата, опозициските пратеници истакнаа транспаренти со порака „Не на законот за измама“.

— реклама —

Владејачката коалиција ја сочинуваат партијата „Браќа на Италија“ на Мелони, „Лига“ и „Напред Италија“. На власт е речиси четири години. Доколку Претставничкиот дом ја потврди реформата, новите правила би можеле да се применуваат веќе на следните парламентарни избори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhl591o7e89ejapHKGxp

Телата на четворицата загинати италијански војници испратени од БиХ кон Италија

Свет | пред 21 час

— реклама —
media-libraryc38i30vf38n61YPNV2c

Штрајкови низ Италија поради растот на трошоците за живот, се очекуваат прекини во сообраќајот

Свет | пред 4 дена

dzordza-meloni

Сајбернапад врз италијанскиот парламент, на мета и е-поштата на Мелони

Свет | пред 6 дена

media-library2ok69b4epfng3E052fo

Мелони испраќа дополнителни 500 војници во Милано по грабежите и судирите

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања