Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Нови правила за сајбер безбедност во енергетскиот сектор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
sajber1

Регулаторна комисија за енергетика донесе нови Правила за сајбер безбедност за објектите за производство, складирање и системите за пренос и дистрибуција на електрична енергија.

— реклама —

Од Регулаторната комисија посочуваат дека со новите правила се зајакнува заштитата на енергетскиот систем од сајбер напади и технолошки ризици, во согласност со европските стандарди.

— реклама —

Правилата ќе важат за МЕПСО, Електродистрибуција, МЕМО, снабдувачите со електрична енергија, големите производители, операторите на складишта за електрична енергија, НОМАГАС, операторите за дистрибуција на гас и операторите на постројки за производство на водород или биогас.

Со новите правила се предвидуваат протоколи за управување со ризици, инциденти и кризни состојби, како и процедури за известување при значајни сајбер напади, планови за закрепнување и обуки за подигање на свеста.

— реклама —

Енергетските компании кои управуваат со критична инфраструктура ќе треба во рок од 30 дена да назначат службеник за сајбер безбедност, во рок од шест месеци да формираат специјализирани тимови, а во рок од една година да изработат проценка на ризици, планови за закрепнување и системи за резервни копии.

— реклама —

Од РКЕ оценуваат дека станува збор за нов регулаторен модел кој, наместо само техничка заштита, воведува управување со национално-критични ризици во енергетскиот сектор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

benzinska-benzin-nafta-

Нема промена на цените на бензините и дизелот, поскапува мазутот

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
e6d47667d956a12d62fbe9a45b490ab0_w768

Грејната сезона започнува на 15 октомври

Македонија | пред 1 месец

media-librarysgfk5147lgugeW3ne5o

Нови цени на горивата: дизелот поевтинува за 4,5 денари, бензините поскапуваат за 1 денар

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Нови цени на горивата: бензините поскапуваат за 3,5 денари, дизелот поевтинува за 2 денари

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања